ВМРОД ДПМНЕ ШТИП: Неколку дена се шири опасна смрдеа низ улиците во Штип

15.04.2019

ВМРО ДПМНЕ во Штип на нова прес конференција на која зборуваше Игор Ефтимов обвини за ширење опасна смрдеа низ улиците на градот.

-Денес сме во населба Дузлак, каде веќе трети ден се изливаат фекалии на улица по која се движат и ученици. Да се минува одовде е речиси невозможно, поради непријатниот мирис и ризикот од потенцијални болести. Меѓутоа, неодговорноста на власта не е само овде. Истата слика ја имаме во Ново Село и во други населби во градот, но извесно време нема никаква реакција од одговорните за санирање на дефектите, рече Ефтимов..

Тој нагласи дека со зачестените врнежи, овие проблеми испливуваат на површината и стануваат секојдневна појава во секое населено место.

-И додека СДСМ се грижи да обезбеди што повеќе луѓе за полупразните митинзи, граѓаните се гушат во неподнослива реа од дефектна канализациска мрежа. Локалните власти секојдневно ни докажуваат дека не се способни да одговорат ни наједноставните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Во предизборната програма, Градоначалникот ветуваше решавање, меѓутоа и после две години, нема идеја како да се справи со овие елементарни проблеми на граѓаните на Општина Штип, нагласи Ефтимов кој упати порака и лично до градоначалниокот:

Почитуван Градоначалник,

-Срамно е што во 21 век, од една страна Вашата партија лажно ветува влез во Европската Унија, а од друга страна Вие не можете да обезбедите елементарни услови за живот (во кои ќе нема изливање на фекалии во урбани средини) за граѓаните на нашата Општина, порача Игор Ефтимов од ВМРО ДПМНЕ..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе