Внимателно, Мисиркова повикува на уличен “соживот”!?

 Охрид, 04.03.2017

Пијанистката Елена Мисиркова, под транспарентот на кој пишуваше: “Бејли оди си – не ни требаш!”,ги повика “нашите, македонски Албанци” да и се придружат (во епската битка против ЕУ, НАТО и САД!) откако, два дена порано, им кажа дека “овде јаделе наш леб”!?

Дали е во прашање само хипокризија и мисловна (умствена) перверзија, или нешто повеќе?Јас,сепак, повикувам на внимателност! Можеби и не е само хипокризија? Можеби и не е само умствено бунило! Можеби е намера:

“Излезете да се испотепаме,до кога вака ќе протестираме, а никој не не зарезува, не ја довршивме задачата до крај (Бетка-Елизабетка ќе ни ги побара парите назад)”?! Наравоучение: И натаму внимателност, ненаседнување, трпеливост, разум… Нема,белким,Хорхе, сo недели, да дреме забарикадиран на Водно (со мандатот под перница)!?

 

Фејсбук статус на Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе