Во Кочани си се испофалија за добро завршената работа

Кочани, 13.03.2019

 Членовите на Советот на Општина Кочани, на 23. редовна седница го разгледуваа финансиското работење на повеќе општински јавни установи и претпријатија при штоги поздравија нивните минатогодишни резултати.

Од говорницата во Советот беше истакнато дека училиштата се со повеќе од преполовени долгови, раководителите постојано наоѓаат начини за подобрување на постојните услови, а за тоа покрај градоначалникот и директорите, придонес има и Советот на Општината.

Анализирајќи ја завршната сметка на Општина Кочани, членот на Советот Ѓорѓи Алексов истакна дека минатата година беше позитивна за кочанската локална самоуправа, како според зголемените приходи, така и со скратувањето на непродуктивните трошоци.  Алексов додаде дека домаќинското работење беше потврдено и со финансиите добиени од централната власт со кои се реализирани неколку значајни проекти.

Директорот на „Водовод“, Андреј Киров соопшти дека претпријатието работи со позитива, со намален долг и зголемени побарувања. Поддршка на видливо подобрените услуги од „Водовод“ даде и советничката Валентина Андонова, упатувајќи апел кон граѓаните да се грижат повеќе за јавната хигиена.  Членот на Советот Јордан Димитров повика на што побрза изградба на браната „Речани“, со што Кочани и микрорегионот ќе добијат поевтино водоснабдување.

Во рамките на советничките прашања, градоначалникот Николчо Илијев одговараше за уредувањето на влезовите во Кочани кај Подлог и кај Оризари, за работата на Градската депонија, за палењето на стрништата…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе