Во петок во Свети Николе ќе се доделуваат Источните оскари

Штип, 14.03.2017

Новинарите од регионалниот центар „Исток“ во состав на ЗНМ, во петок навечер, во 19 часот, во ресторанот „Москва“ во Свети Николе кој е во состав на Универзитетот „Гаврило Романович Державин“, ќе ја имаат својата „Ноќ на источните оскари“.

Се работи за финален настан од процесот на избор на најдоброто од источниот регион во повеќе области: стопанство, образование, култура, здравство, општествена одговорност, новинарство, спорт, екологија….

Меѓу добитниците на оскарите се и новинарите Даниела Такева која колегите ја избраа за најдобар новинар-репортер и колегата Горан Лефков, кој доби оскар за истражувачко новинарство.

Во продолжение ви ги донесува добитниците на новинарските признанија.

покани1a

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе