Во понеделник гламурозна модна ревија на штипските студенти

Штип, 09.06.2017

Под мотото „Во светот на бајќите“ студентите од техничко-технолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во понеделник, на 12 овој месец, ќе се претстават со модна ревија на која ќе ги презентираат креациите од својата инвентивна модна лабораторија.

19021840_10208353752512475_1829422008_nМентор на реевијата е м-р Сања Ристески, асистен на овој факултет.

-Моделите кои во понеделник ќе ги претставиме пред јавноста се креација на 23 студенти кои својата инспирација ја најдоа во светот на познатите бајки од Дизниленд, Браќата Грим, Алиса во земјата на чудата и слично. Покрај модната ревија нашите студенти ќе се претстават и со изложба на фотографии и модели изработени од соодветен материјал во размер 1:4, вели Ристески.

19073024_10208353775793057_533646856_oМодната ревија е во соработка со библиотеката „Гоце Делчев“. Почетокот е закажан за 19,30 часот, а истата ќе се одржи во амфитеатарот пред библиотеката.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе