Во Свети Николе децата имаа натпревар во кршење ноеви јајца

Свети Николе, 08.04.2018

A05Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ денес, по деветти пат, за големиот христијански празник Велигден организираше натпревар во кршење ноеви јајца.

A04Петнаесеттина дечиња од Свети Николе и на вработени во амбасадата на Руската Федерација во нашата држава, во придружба на своите родители, во нежните детски раце држеа ноеви јајца чија просечна тежина а 1,1 килограм. Во исклучително весела аттмосфера дечињата успешно си ја извршија својата задача, а на крајот најцврсто се покажа јајцето во рацете на браќата Димитар и Даријан Дечкови од Свети Николе на кои организаторот им подари пехар. Второ и третопласираните добија сертификати. Сертификати со кои им се потврдува учеството на овој единствен ваков натпревар во светот добија и сите учесници.

A03На крајот уметничката Лена Ѓуриќ, во својство на претседател на жирито, за победници ги објави браќата Даријан и Димитар Дечкови од Свети Николе.

A01Донесуваме повеќе фотографии од настанот кој им донесе многу радост на децата кои учествуваа во натпреварот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе