Во Штип изложба на Марија Мицова Гацова

Марија Мицова Гацова, припадничка на помладата генерација македонски ликовни уметници, школувана на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, денес, за првпат, со своите дела се претстави пред штипјани. Изложбата е поместена во ликовниот салон на Домот за култура „Ацо Шопов“, а Никола Ристов, директор на Центарто за култура рече дека ова е само еден убав почеток на неодамна договорената соработка со Домот на култура „Бели Мугри“ од Кочани како институција која, задно со штипската културна институција стои зад оваа изложба.

Maрија Мицова Гацова
Maрија Мицова Гацова

„На уметничката Марија опсесија и е дивиот, неурбанизиран пејсаж. Тоа убаво може да се види од делата кои Марија ги изложува пред штипјани на наша радост и на задоволство на љубителите на убавите уметности. Реакцијата на субјективната возбуда во допирот со природата уметничката ја изразува преку невербална комуникација, гестуално, преку рационализација на линијата доведена до совршена чистота“. Со овие зборови поетот и писател м-р Трајче Кацаров го оцени ликовниот стремеж и успешноста на ликовен план на Марија Мицова Гацова.

 На отворањето говореа Никола Ристов и Трајче Кацаров на сликата во друштво Александра Димитрова, директорка на ДК „Бели Мугри“ во Кочани и уметничката Марија
На отворањето говореа Никола Ристов и Трајче Кацаров на сликата во друштво Александра Димитрова, директорка на ДК „Бели Мугри“ во Кочани и уметничката Марија

Уметничката посебна благодарност упати ди средношколците од гимназијата „Славчо Стојменски“ кои во поголем број дојдоа на отворањето.-„И самата сум педагог, работам во основно училиште во Кочани, па кога ќе видам волку голем број на млади на една изложба не можам, а да го изразам своето големо задоволство зашто иднината, дури и во уметноста, и припаѓа на младите. Јас како уметник комуникацијата помеѓу реалното и имагинарното во моите слика ја сведувам, на два основни правци: естетски и идеен. Се надевам дека вие тоа во моите слики ќе го препознаете“, рече уметничката.

Изложбата за отворена ја прогласи директорот Никола Ристов, а таа е достапна за јавноста и во наредните десеттина дена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе