Во Штип, на 27 овој месец, втората сесија од Регионалниот форум на заедницата

Штип, 25.02.2019

В среда, на 27 февруари 2019 година со почеток во 11 ч., во хотелот „Изгрев“ во Штип ќе се одржи втората форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“.

Програмата „Регионални форуми во заедницата“ се реализира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2017 – 2020“, која Центарот за развој на Источниот плански регион ја реализира во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми што го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи и концепти за предлог-проекти. Од овие концепти за предлог-проекти, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраните форумски проекти и препораки.

На форумската сесија можат да учествуваат сите заинтересирани невладини организации, претставници од приватниот сектор, образовни институции и граѓани.

На првата форумска сесија во Штип општините Кочани и Пробиштип побараа поддршка за изградба на ски лифт на Пониква, Пехчево е заинтересирано за партерно уредување на водопадите на Равна река, Штип сака да има едукативен рекреативен центар кај археолошкиот локалитет Баргала, бара пари за реконструкција на планинарскиот дом на врвот Лисец на планината Плачковица, но нуди и проект за изградба на засолниште под врвот Туртел на истата планина, а тука е и проектот Струмина треил (велосипедска патека), Берово покрај со проектот за инфраструктурно уредување на туристичката населба побара пари и за доградба и реконструкција на домот за стари лица додека Виница е заинтересирана за подобри просторни услови во музејот Теракота.

-На трите форумски сесии кои ќе ги имаме до 6 март годинава ќе се искристализираат пет од овие девет предлг концепти, секој од нив треба да биде во согласност со критериумите за селекција на регионалните проекти, петте проекти кои ќе останат во завршна конкуренција ќе се избираат со гласање на сите учесници на форумот. За тоа кој проект ќе ги добие парите од Швајцварската развојна агенција на кои ќе се придодат пари и од Министерството за локална самоуправа, ќе одлучи Советот на ИПР,

Учеството може да се пријави најдоцна до 26 февруари 2019 година до 12 ч. на: bc.ipr@eastregion.mk

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе