Вработените во „Саса“ денес ја добиваат зголемената плата за 5.500 денари

Македонска Каменица, 11.05.2018

Денеска во Сојузот на синдикатите во Скопје генералниот директор на рудникот „Саса“ Неил Стивенсон и претседателот на Мултиетничкиот синдикта за образование Драге Јовановски  потпишаа договор кој задира во системот на наградување на околу 700 вработени во споменатиот рудник за олово и цинк од Македонска Каменица.

Всушност, спомнатиот синдикат ја прифати понудата која менаџментот на Саса ја даде на 26 минатиот месец, а која понуда се однесува на делот на зголемувањето на платите во рудникот. Раководството на САСА предложи а МЕСО прифати зголемување на платите на сите вработени во компанијата кое ќе се реализира оваа и наредните две години.  Со договорот сите вработени во компанијата, почнувајќи од 1 март 2018-та година, ќе добијат зголемување на месечната плата за 5.500 денари. Дополнително, платата на сите вработени ќе биде зголемена и за дополнителни 5% во 2019-та и уште толку во 2020 година.

Неил Стивенсон и Драге Јовановски
Неил Стивенсон и Драге Јовановски

Со ова покачување, платите во рудникот САСА ќе го надминат прагот од 40.000 денари, односно ќе бидат за 27% повиски од просечните плати во рударската индустрија во земјава, согласно официјалните податоци за исплатената просечната плата во рударството во јануари 2018-та година, објавени од страна на Државниот завод за статистика.

Исплатата на зголемувањето за април и ретроактивно за месец март, ќе се реализира во текот на денешниот ден заедно со исплатата на платата за претходниот месец, тврди менаџментот на САСА. Со ова покачување, платите во рудникот САСА ќе го надминат прагот од 40.000 денари, односно ќе бидат за 27% повиски од просечните плати во рударската индустрија во земјава.

Покрај ова раководството на САСА најави и дополнителни вложувања во осовременување на системот за организиран бесплатен превоз на вработените, како и во системот за исхрана. Иако со закон компанијата не е обврзана да нуди бесплатна исхрана и превоз за вработените, раководството на САСА ќе продолжи да го обезбедува тоа за сите вработени во компанијата, при што ќе се вложат над 250.000 евра во реновирање на фабричката кујна и кантина и во подобрување на автобускиот превоз за вработните.

„Многу ни е мило што успеавме да постигнеме пријателски договор со МЕСО, кој што претставува фер понуда за нашите вработени. Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, Централ Азија Металс, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава суштинскиот дел од проблемите поврзани со наградувањето и исплатата на вработените, кои што беа наследени од претходните сопственици и се надеваат дека соработката со тимот ќе продолжи и во иднина со цел изградба на успешна иднина на рудникот. Се надеваме дека ќе можеме да ја извршиме исплатата на зголемувањето за април и ретроактивно за месец март со исплаќањето на априлската плата, кое ќе се реализира во текот на денешниот ден. Дискусиите со МЕСО за други прашања во Саса ќе продолжат“, изјави Неил Стевенсон, генерален директор на Саса.

Со потпишаната спогодба завршуваат преговорите меѓу раководството на рудникот и овластените претставници на синдикатот започнати кон средината на минатиот месец. Истовремено, синдикатите се обрзуваат дека и формално ќе го прекинат штрајкот кој беше ставен во мирување кога започнаа преговорите.

Со ваквите инвестиции, новите сопственици на САСА – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, ги исполнуваат ветувањата кон вработените во САСА дадени при купувањето на рудникот во ноември месец минатата година. Според нивните сознанија, претходните сопственици на рудникот подолго време не направиле никакви напори за зголемување на платите на вработените и не вложувале во системите кои овозможуваат подобри услови  вработените.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе