ГДУ треба да одговори дали под Градскиот базен лежи бакар вреден 600.000 евра

Штип, 14.06.2016

Партијата ГДУ и понатаму атакува на политички поени со политичка филозофија од која може да се исчита само тоа дека партијата сама си поставува прашања на кои одговорите ги бара од другите што значи дека таа самата нема одговори за ништо. Така е и во случајот со Градскиот базен на која тема нашиот портал неодамна известуваше. Прашањата се поставени од претседателот на партијата Петар Колев лично.

gduЕве ги прашањата:

-Дали е точно дека градскиот базен е обвиен од еден многу вреден благороден метал, кој служи како хидроизолација и е над 100.000 килограми?

– Дали е точно дека пазарната цена на тие над 100.000 килограми од тој метал (бакар пример) е 4-5 пати повисока од цената на која е продаден објектот?

-Дали има решение од Општинскиот совет за продажба на базенот, кој советници гласале ЗА и од која партија?

-Дали со средствата од продажбата на истиот благороден метал, можеше да се санира целиот базен, и со многу мала инвестиција да се покрие со балон- систем и денеска нашиот град да имаше покриен, а не затворен базен?

-И најважното, ќе сноси ли некој одговорност за сето ова или по стара наша пракса ќе биде „секое чудо за три дена“?!

Значи: ГДУ не знае (или знае, ама не сака да каже) ништо во однос на крупните прашања кои ги поставува но бара одговори и одговорност за нив?

Колку работите да станат појасни: станува збор за металот бакар. Бакарот е берзански производ, неговата цена се формира на берзаа а во моментов килограм бакар на берзата чини шест евра. Ако информацијата на ГДУ дека базенот е обвиен со 100.000 килограми бакар е точна, тоа значи дека неговата вредност, само во бакар, е 600.000 евра!

ГДУ не сака да ја информира јавноста за која цена е продаден базенот, но тврди дека Градскиот базен е продаден за 4-5 пати пониска цена од цената која купувачот ќе ја земе за бакарот кој може од него да го извади. Ако е тоа вистина, тоа значи дека Градскиот базен е продаден за 100.000 евра…

ГДУ е партија која легитимно може да дојде до вистината во врска со прашањата кои ги поставува. Може да се повика на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и информациите кои се предмет на нејзнин партиски интерес може да ги добие во законски рок од најмногу триесет дена. Убаво би било јавноста да ја дознае целата вистина без употреба на зборчето „дали“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе