Героооооо, остави му го на Хорхета фикусот, ич – ебаната е од Ила и од Бузлета!?

Охрид, 18.05.2017

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Едно време кога и јас се рашетував по владините одаи, ме задолжи Шефот, да му организирам ноќни сеанси-разговори со врвни експерти, или дејци – од разни области.Ќе ти кажам само за онаа културната. Му велам,прво, ами Баге-Кобајаге, министеров не го каниме!?Остави го него,тој е за “понадвор”- вели шефот! Нејсе, стокмив список, те писатели (прв пријателот Петре М.Андреевски), па Ким Мехмети (, ми намигнува и му вели на шефот: Ако на овој ти ја брка, демек, агендата си ја свршил работата!?), те Никола Гелевски – Коља (него ми го додаде на списокот Шефицата, а тој додека ние дебатиравме – цело време се џареше во уметничките слики на здовите – паметен човек!) и тн. и т-наваму!
Нејсе, “би свадба помина”, по некој ден ми вели Шефот: А, бе Веле, Петре не ни дојде!? Е,не ни дојде, велам, не не декса, или и ние не сме го дексале, или некој – го предексал!? Моја, грешка е вели, лично дојде и лично прочита Проглас за нас на завршниот предизборен митинг во Скопје!? Малку, Петре, како да подзастрани, сега како да пишува против нас, ама ќе му речам на Илета (не Димоскиот, оној велмешкиот …Илоски!), да ми го донесе, да ја “оправам”, тој е близок со Петрета, а и начитан е! Знам, му велам, начитан е (книги купув со метрото вџеб-за да “пасираат” на должината во регалот!?), а знам дека сo Петрета е пријател “по книжевноста”, демек, ќерката му ја вработил каде што директоруваше! А,не дека не знаев зошто е Петре љут – ифрит!
Нејсе, минуваат денови, ми се јавува Шефицата, вели со Петрета уште не можеме да воспоставиме контакт, да не можеш ти да помогнеш? Ами,Иле, велам не ви го донесе, многу се блиски-по “линија на книжевноста!”. Ај,види, ти – ми наредува онака “нежно”!
Нејсе, му се јавувам на Милована Стефаноски, заедно со него јадевме тас-ќебап и “камчевме” до ниедно време кај Јолета, му велам, немам број од Петрета, а ако можеш и ти подјави му се, имам нешто потреба од него. Се јавувам, не сака да чуе! Му се обесив на клепките Аман,те аман! Добро, вели, ама ќе му кажам точно зошто “министерот – од банкар” (подоцна и премиер!),сакаше да ме апси!’ . Кажи му, му велам, тој мисли дека си му љут за Прогласот што не те викнал на “кафе-благодарам!”.
Оди Петре во кабинетот кај Шефот, Шефицата пресреќна насмеана до уши! Извини Петре, вели шефот, ти навистина многу гласачи ни донесе со Прогласот на плоштад, ама, знаеш како е – обврска по обврска….Остави го ти Прогласот, му вели, Петре, тоа си беше моја работа!Него ти ли ми го пушти овој,твојот “полицај – министер од банкар”, да ме апси!? Како,бе Петре!? Е,така, бе Бранко! Сум пишувал лошо за тебе, па ме викна во Полиција (во кабинетот, де) малку да ми ја отпее! Ама, ако јас ви ја отпеам, не ќе знаете каде ви е вратот, а каде опашката!?
Нејсе, да му се вратам на Branko Geroski. Оди овој начитаниов ( за кого тешките прашанја беа: КУРЦИЈАЛНИ!?), во цвеќарница во Охрид. Вели: Ќе ми напрајш една ичебана, ама да е онаа вистинската, имам голем повод, ќе одам кај важен чоек! Е, кој е тој, толку важен, му вели продавачката. Кај Бузлета, вели овој (измеѓу Јанкоец и Ресен, оној ,- уште поначитаниот: “Се тече се се менува, како што рекол Панта Реи”!?), а продавачката му вели: Од тебе и од Бузлета во Македонија не остана ич-ебана!?
Море, мажишта!?

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе