Грчки новинар во Атина изрешетан со 10 куршуми, сомнежите насочени кон организираниот криминал

Новинарот Јоргос Караиваз бил брутално убиени пред неговиот дом во јужна Атина во петокот, со 10 куршуми, а според грчкиот заменик-министер за цивилна заштита, Лефтерис Иконому, веројатно зад убиството стојат припадници на организираниот криминал.

Говорејќи на грчата државна телевизија ЕРТ, Иконому сугерираше дека постои врска меѓу убиството и организираниот криминал, потсетувајќи дека во изминатите три години имало неколку најверојатно нарачани убиства, што говори за отворена војна меѓу ривалски банди. Но сепак, посочи тој, прерано е да се зборува за мотивите за убиството на телевизискиот новинар Караиваз, пренесува „ЕКатимерини“.

При обдукцијата на телото, биле пронајдени шест куршуми во градите, два во главата и по еден во вратот и во левата дланка. Караиваз бил застрелан од двајца мажи на мотор, најверојатно скутер. Убиецот пукал уште додека бил на моторот, а потоа се симнал и се приближил до жртвата пред да го испука последниот куршум. Убиството го виделе најмалку двајца сведоци.

Караиваз долго време известувал за криминалот.

Според Меѓународната федерација на новинари (IFJ), во текот на 2020 година во светот биле убиени 42 новинари и медиумски работници.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе