Две млади виничанки со највисоките признанија во гимнастикa

Виница, 24.12.2018

Градоначалникот Димитров со младите виничанки
Градоначалникот Димитров со младите виничанки

Синоќа Виница по петти пат беше домаќин на изборот на најдобрите македонски гимнастичари.

Меѓу добитниците на врвни признанија за исто такви остварувања се и две млади виничанки.

Јана Николова доби признание за најдобра јуниорка во А лигата, а Патриција Костадинова за најдобра млада пионерка во А лигата,.

Двете перспективни гимнастичарки вчера и официјално беа прогласени за најдобри во своите категории

Патриција и Јана се членови на клубот од Кочани, чии тренер Николче Колев беше прогласен за наЈдобар машки тренер.

Наградите во сите категории ги врачија градоначлникот Ивица Димитров како домаќин, кој најави повеќе буџет за спортот и спортските капацитети во 2019, како и претседателот на Федерацијата Љупчо Арнаудов

-Општина Виница на почетокот на 2019 година планира поголем спортски настан во насока на поголема афирмација на спортските работници и надежи од општината и секако поголема мотивација и стимулација за оние кои зад себе имаат веќе редица од позитивни резултати, потенцира градоначалникот Димитров.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе