Дебакл ќе има, но на 15 – ти Октомври

Скопје, 28.09.2017

 Пишува: Мерил Груби
Пишува: Мераљ Груби

Порталите Курир и Република објавија дебакл на идниот Градоначалник Петре Шилегов. И, сето тоа би било во ред доколку се наведеше и некој контра аргумент во врска со неговото обраќање кон граѓаните. Што тоа кажа Шилегов а излажа?! Зарем не сме сведоци за сообраќајниот хаос и сообраќаен срам што ни се случува години наназад и покрај ,,Импровизација од ширење на улици”? Во Курир читаме како СДСМ извадил криминалци од затвор за да ги искористат во изборите. А, да напишат нешто повеќе за тоа како Груевски затвараше невини вработени лица собирајќи ги од нивните работни места и сето тоа го правеше на спектакуларен начин само и само, за да ослободи места за неговите партиски војници.

Е па Курирци жалам што СДСМ со Премиерот Заев мислеше на вашите партиски војници и на нивните семејства и отиде против волјата на мнозинството граѓани и покрај ризикот да изгуби на локалните избори,а сето тоа го направи почитувајќи ги законите. И на крај уште едно прашање до вас: Дали лидерот на Вмро Дпмне за народ ги смета само неговите послушници? Дебакл ќе има, но, на 15-ти Октомври и тоа ке се случи од мнозинството граѓани кои одбраа живот во Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе