ДЕЛЧЕВО: Асфалт на првата улица во населбата „Пролет“

Делчево, 18.04.2019

Започна асфалтирањето на првата улица во новата населба „Пролет“.  Се асфалтираат 262 метри од улицата која води од старата зграда на Општина Делчево покрај река Габровчица и на која ќе бидат поставени и рабници. Вредноста на работите изнесува 2.375.340 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Делчево.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска направи увид во работите на улицата при што истакна дека овој проект е од големо значење, бидејќи станува збор за решавање на основна инфраструктурна потреба во најмладата населба во Делчево, каде секојдневно никнуваат нови станбени објекти.

58079840_595382930980852_5228335728907255808_n– Овој инфраструктурен проект е од големо значење за жителите кои живеат во оваа населба која е доста атрактивна и е во близина на централното градско подрачје. Решавањето на инфраструктурата ќе ја зголеми атрактивноста на населбата и ќе придонесе за подобар урбан изглед на овој дел од градот во чија близина е и Здравствениот дом и старата собраниска зграда и ќе ги мотивира сопствениците на градежни парцели да инвестираат овде во оваа населба. Изградбата на останатите улици во „Пролет“ ќе се решава парцијално, наредниот период, а паралелно ќе се решава и експропријацијата, рече Трајковски.

Инаку, претходно на улицата е изградена атмосферска и фекална канализација во должина од 300 метри.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе