ДЕЛЧЕВО: Васил Маневски со промоција во Разловци

Делчево, 02.10.2019

Спомен домот на Разловечкото востание во делчевското село Разловци е местото во кое, утре (03.10.2019) во 18 часо ќе се одржи промоција на поетското дело на Васил Маневски со наслов – Зад твојот сон.

Маневски ги кани сите пријатели, познаници, љубители на поезијата, прозата и воопшто убавите уметности да бидат дел од овој културен настан.

„Драги пријатели, неможејќи поединечно, еве на овој начин и преку istokpress.mk Ве поканувам во Спомендомот на Разловечкото востание, да ја проследите промоцијата на мојата книга ЗАД ТВОЈОТ СОН. Содржините од книгата се достапни на интернет, а тие што сакаат да ја имаат во своите домашни библиотеки, бидејќи не сум во состојба да ја делам како подарок, би можеле да си ја купат по промотивна цена од 200 денари.

ПОВЕЛЕТЕ НА ЛИРСКО-МУЗИЧКО ДРУЖЕЊЕ ВО РАЗЛОВЦИ, порача наставникот, новинар и поет Васил Маневски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе