ДЕЛЧЕВО: Во петок изложба на Лена Ѓуриќ

Делчево, 04.12.2018

Парижанка во Делчево“ е насловот на ликовната изложба од авторката Лена Ѓуриќ чии дела ќе бидат изложени во фоајето на Спомен-домот АСНОМ, в петок, 7 декември 2018 година со почеток во 13 часот. Изложбата е во рамките на одбележувањето на празникот посветен на свети Климент Охридски, а е во организација на Општина Делчево, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и делчевското основно училиште „Св. Климент Охридски“ кое, всушност, со оваа изложба ги започнува активностите за одбележување на патронот на училиштето.

LENA tekst za plakat i pokani_450x600Во фоајето ќе бидат изложени 30-ина дела од авторката Ѓуриќ, кои се богати со емоции, колоритни, со богат наратив и лесно воочлива симболика со што се привлекува вниманието на публиката.

Авторката Лена Ѓуриќ  е родена во Свети Николе, а трисетина години од својот живот ги поминува во градот на светлината Париз, каде ги впива креативните енергии на најголемите светски репрезенти на уметноста. Париз е и местото, каде нејзиниот талент за уметност се развива и станува реалност. Последниве години, Лена живее и твори во Штип. На сликарското платно, таа овековечува портрети, жива и мртва природа.

Досега, богата колекција од ликовни дела на Ѓуриќ се изложувани низ повеќе градови во Македонија, како Штип, Битола, Струмица, Радовиш, Виница, Свети Николе, Берово, Скопје.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе