ДЕЛЧЕВО во чест на заштитиниците на градот светите браќа Кирил и Методиј

Делчево, 20.05.2019

По повод денот на Светите Кирил и Методиј кој Делчево ги слави како светители- заштитници на градот, се организира еднонеделна програма која содржи низа културни настани .Од денеска во чест на просветителите, љубителите на книгата ќе имаат можност да се запознаат со најновите наслови, но и да набават книги по саемски цени од: Просветно дело, Арс Ламина, Македоника Литера и Матица. Саемот ќе биде отворен во мултифункционалниот центар сѐ до наредниот понеделник во периодот од 8 до 15,30 часот.

Во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, од вечерва, па до 22 мај, делчевци ќе имаат прилика премиерно да го гледаат македонскиот филм „Господ постои името ѝ е Петрунија“.

камерна опера благоевградНа 23 мај во 13,оо ч. ќе биде отворена изложбата „Ранохристијански и ќерамички икони од Виничкото кале“ од Музеј „Теракота“ Виница.

А, во чест на Свети Кирил и Методиј, на 23 мај со почеток во 20 ч, во соработка со Меѓународната Фондациjа за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ ќе се организира целовечерен концерт на „Камерна опера Благоевград“, Р Бугарија, диригент Христо Христов.

На самиот ден 24 Мај, ќе се одржи Света Архиерејска литургија, по што ќе следува Литија од црквата „Св.Наум“ до параклисот „Св.Климент Охридски“ во дворот на СОУ „М.М.Брицо“.

Операта на Благоевград   на 23 мај со почеток во 20 ч, во соработка со Меѓународната Фондациjа за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ ќе се организира целовечерен концерт на Камерна опера Благоевград, Република Бугарија, диригент Христо Христов.

Одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј, годинава е во знакот на 1150 години од смртта на Кирил Филозоф  кој починал во Рим на 14. февруари 869 година, а каде престојувал на повик од Папата.  Во таа смисла, во организација на Општина Делчево, в четврток со почеток во 11 часот во салата АСНОМ ќе се одржи научна трибина „1150 години од смртта на Кирил Филозоф“, каде од научен аспект ќе се доловува делото на Кирил и Методиј, Брегалничката мисија и нивната оставштина. Гости-предавачи на трибината ќе бидат: проф-д-р Александар Атанасовски, редовен професор на Институтот за историја, проф.д -р Снежана Филипова, редовен професор на Институтот за историја на уметноста и археологија, проф.д-р Снежана Веновска-Антевска, редовен професор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе