ДЕЛЧЕВО: Градоначалникот Трајковски со јавен отчет за сработенот во изминатите три години

03.11.2020

Три години заедно работиме за да го изградиме Делчево-подобро место за живеење и на истекот од тригодишниот мандат можам слободно да истакнам дека работевме посветено, одговорно и максимално вложувајќи се во решавањето на многу отворени прашања од сите сфери на живеењето, често ставани „под тепих“ од моите претходници и, успеавме да одговориме на круцијални прашања во Делчево, ги реализиравме сите ветени капитални инвестиции, изградивме патна инфраструктура на територијата на Општина Делчево во должина од над 18 км, решивме децениски проблеми со кои го подобруваме квалитетот на животот.
123507981_685726825705439_5459632188006917416_nОва го истакна градоначалникот Трајковски на прес-конференцијата одржана по повод отчетот на работата на локалната власт, на која зборуваше за реализираните проекти, соработката со Советот на Општина Делчево и подобрувањето на  ефективноста на општинската администрација. При тоа истакна дека актуелната здравствена криза не влијаеше на реализацијата на капиталните проекти.
-Новите услови на работа, пренасочување на вниманието и на приоритетите кон обезбедување безбедни услови за работа, кои подразбираа редовни дезинфекции на објектите на Општината, улиците во градот и селата, јавните површини и објекти, како и најклучното, обезбедување безбеден воспитно-образовен процес во училиштата и во градинката, не влијаеја врз реализацијата на проектите, напротив со добра организација, сметам дека одговоривме на сите предизвици. Изразувам благодарност кон сите кои се вклучија во донаторските акции кои помагаа со средства, но и со хуманитарна помош на семејствата кои живееја во социјален ризик, но и помогнаа за набавка и дистрибуција на потребните дезинфициенси маски за лице кои транспарентно се делеа по институции и месни заедници. Посебно оддавам почит и благодарност на нашите советници кои се откажаа од два советнички паушали со цел да се помогне на Општината за набавка на потребните средства за превенција од заразата, а донесовме и одлука со која ги ослободивме од плаќање надоместок за користење јавна површина локалните кафулиња, ресторани, продавници, истакна Трајковски.
Отворена и услужна општина за сите- подобрена ефикасноста и транспарентноста
Трајковски потенцираше дека во овие три години се создаваше отворена и услужна општина за сите и се подобруваше ефикасноста на општинската администрација.
-Одделението за урбанизам и заштита на животната средина, каде со години чекаа предмети за решавање, ја подобри ефикасноста во донесување решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Само во тековната година до октомври, се решени 243 предмети или за три години се решени вкупно 820 предмети, бројка на решени предмети многукратно зголемена од претходниот период, кога се решаваа по 50 предмети годишно. Во овој период од три години се издадени 90 одобренија или решенија за градење, а десетина се во постапка на одобрување. Во насока на отчетност и транспарентност во овој период имаме одговорено на 133 предметни барања за информација од јавен карактер, а со ствањето во функција на новата веб-страница, Општина Делчево во сите истражувања од релевантни иституции е рангирана високо и во веб-транспарентност и во буџетската транспарентност. На ова поле продолжуваме да работиме и понатаму, бидејќи цениме дека отчетноста и транспарентноста е важен инструмент за градење доверба кај граѓаните, тие треба да знаат како се трошат парите на граѓаните, истакна Трајковски.

Скратени непродуктивните трошења
Во интерес за повеќе средства во Буџетот за капитални инвестиции, Трајковски потенцираше дека се скратени многу непродуктивни трошења.
-Овде ќе ја споменам и Одлуката која на моја иницијатива, беше поддржана од Советот на Општина Делчево, со која целата општинска администрација и јас како градоначалник, се откажавме од службените патни трошоци. И овде ќе потенцирам дека со поддршка на Владата и од сопствени приходи, вкупно сме вратиле 60 милиони денари стари наследени обврски. Исплативме 5 рати, или 5 милиони денари за доградбата на детската градинка, а на самиот почеток од мојот мандат исплативме околу 4, 5 милиони денари на име:  заостанати обврски–паушали кон советниците, средства за пожарникарите, ги исплативме сите заостанати средствата од социјалната мерка за новороденчиња и редовно ги сервисираме денес, ги исплативме сите заостанати ученичките стипендии, но и го зголемивме бројот и износот на стипендиите, а редовноста на исплатата на овие средства за мене е приоритет, рече Трајковски.
Во овие три години за стипендии и награди за талентирани ученици и за најдобрите 10 матуранти, се исплатени вкупно 1.54 милиони денари, или само за тековната 2020 г. се исплатени 513.000 денари; паричната помош за новороденчиња е исплатено во висина од 961.000 денари или 183.000 за тековната година; за еднократна помош се испалтени 1.4 милиони денари.
– Годинава воведовме нова мерка која значи помош на родителите кои имаат првачиња запишани во делчевските училишта. Имено, на секое прваче доделуваме еднократна парична помош од 3.000 денари. За реализација на проектите досега на име експропријација се исплатени околу 6,9 милиони денари или само за оваа година 1.7 милиони денари, рече градоначалникот Трајковски.
-Несомнено, Делчево се движи напред. Инвестираме во подобрување на квалитетот на живеење во сите сфери и одговорно се носиме со сите предизвици и добиваме искрена и отворена поддршка од релеватни фактори во извршната централна власт, каде Делчево има добри пријатели кои се насочени да помогнат во развојот на нашето мало гратче на крајниот исток, порача Трајковски.
Реализирани проекти
1.    Во тек е реконструкција на ул. „Маршал Тито“ од ресторан Трла до Таушанското маало (изградба на потпорни ѕидови и пропусти);
2.    Во тек е реконструкција на улицата „Вера Јоциќ“;
3.    Изградба на нова улица во населба СРЦ;  (Вкупно за трите улици 32 мил ден)
4.    Изградба на улици од 1 км во населба Басарица;
5.    Изградба на фекална канализација во населба Басарица-с.Полето;
6.    Атмосферска канализација во населба Милково Брдо;  (13 мил ден)
7.    Атмосферска канализација во населба „Басарица“
8.    Нова водоводна линија во нас. Басарица;
9.    Атмосферска канализација на улица во СРЦ;
10.    Атмосферска канализација на улица во населба Пролет;
11.    Изграден првиот пешачки мост на река Брегалница со придружни објекти;
12.    Изградена е градската капела; (6,9 мил ден);
13.    Финални подготовки за изградба на современ градски пазар; (обезбедени 14 мил ден);
14.    Рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево; (32.5 мил. ден);
15.    Рехабилитација на државниот пат А3 с. Ѕвегор-Граничен премин Делчево; (400.000 евра);
16.    Доизградба на локалниот пат Илиово-Турија, делница од с. Турија до с. Трстија; (4,8 мил ден);
17.    Реконструкција на регионален пат Делчево-Бигла- Виница;
18.    Рехабилитација на регионален пат Делчево-Пехчево;
19.    Реконструкција на ул. „Светозар Марковиќ“;
20.    Реконструкција на ул. „Маршал Тито“;
21.    Реконструкција на ул „Питу Гули“; (Вкупно за трите улици 300.000 евра);
22.    Поставена сообраќајна сигнализација на реконструираните улици; (630.000 ден);
23.    Изградба на „Станбена улица 4“;
24.    Реконструкција на дел од ул. „Македонска“ во населбата Милково Брдо;
25.    Изградба на првата улица во населбата „Пролет“;
26.    Изградба на дел од улицата „Никола Јонков Вапцаров“ во центарот на Делчево;
27.    Изградена улица во селото Габрово;
28.    Реконструкција на крак од ул „Кеј на Брегалница“;
29.    Изградба на ул. „Илинденска“ со потпорни ѕидови; ( 2 мил ден);
30.    Изградба на ул. „Гоце Делчев“ и Пијанечка“ во с. Тработивиште;
31.    Изградба на улица во с. Разловци;
32.    Во тек е изградба на улица во с. Град;
33.    Изградба на пешачки патеки и тротоари;
34.    Изградба на крак на ул „Орце Николов“;
35.    Редовна санација и прочистување на пристапни патишта во селата;
36.    Во тек е изработка на нов ГУП на Делчево;
37.    Сертификат за општествена одговорност;
38.    Подобрена веб-транспарентноста и буџетската транспарентност на Општина Делчево;
39.    Поставени 2,5 тони активен јаглени прв пат и 18 тони кварцен песок; (11.000 евра);
40.     Набавка на машини и опрема во ЈКП „Брегалница“ во висина од 14 милиони денари;
41.    Изградба на нов парк-хортикултурно уреден на местото на стара дива депонија во центарот на Делчево;
42.     Во тек е реализација на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“; (7,3 милиони швајварски франци);
43.    Поставена нова дренажа со зафат на водата од река Ракитина во с. Разловци;
44.    Реконструкција на водоводна мрежа во с. Габрово;
45.    Изградба на фекална канализација во с. Полето;
46.    Изградба на фекална канализација во с. Стамер;
47.    Продолжување на фекалната канализација во с. Град;
48.    Изградба на потпорен ѕид во ул „Плачковица“;
49.    Изградба на пристапни патеки во Први Реон, с. Ѕвегор, с.Габрово, Стар Расадник, Градска капела;
50.    Набавка канти за ѓубре и контејнери; (400.000 ден);
51.    За прв пат поставени садови за отпад во с. Разловци;
52.    Се грижиме за животната средина, се организираат редовни акции за чистење на дивите депонии, се прошируваат зелените јавни површини, хортикултурно уредување на јавните површини, изградивме нов парк-хортикултурно уреден на местото на стара дива депонија во центарот на Делчево;
53.    Го јакнеме волонтеризмот-акција за почисто и поубаво Делчево;
54.    Замена на 760 улични светилки со лед светилки во Делчево и 7 населени места;
55.    Инвестиции во нови линии за улично осветлување и зголемување на бројот на улични светилки во сите населби во општината;
56.    Поставени фотоволтаични централи на три јавни објекти: административна зграда на Општина Делчево, ООУ „Ванчо Прке“ ООУ „Св.Климент Охридски;
57.    Набавка на опрема за лична заштита во ТППЕ;
58.    Во тек е набавка на ново противпожарно возило;
59.    Санација на просторните услови на просториите на ТППЕ;
60.    Зголемување на бројот и на износот на ученичките стипендии;
61.    Нова мерка-еднократна парична помош од 3.000 ден. на секое прваче во Делчево;
62.    Организирани обуки за ученици за напредни технологии, роботика и претприемништво;
63.    Во соработка со НВО-доделени 70 таблети на ученици кои живеат во социјален ризик;
СОУ „М.М.Брицо“
64.    Изградена е енергетско-ефикасна фасада на СОУ „М.М.Брицо“; (2,4 мил ден);
65.    Опремена современа работилница за потребите на прехранбената струка во СОУ „М.М.Брицо“; (450.000 ден);
66.    Поставена е нова водоводна линија за потребите на големата спортска сала; (92.000 ден);
67.    Набавка на лаптопи и таблети за потребите на СОУ „М.М.Брицо“; (400.000);
ООУ „Ванчо Прке“
68.    Реконструкција на спортската сала и влезовите во ООУ „Ванчо Прке“; (2 мил ден);
69.    Изградба на дворна ограда на училиштето „Ванчо Прке“; (550.000 ден);
70.    Изработен основен проект за изградба на енергетско-ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Прке“;
71.    Санација на подовите и монтирање ламинат во училниците во ПУ во с. Звегор;
72.    Замена на столарија-врати и прозорци во ООУ „Ванчо Прке“;
ООУ „Св.Климент Охридски“
73.    Во ООУ „Св.Климент Охридски“ во тек е постапка за изградба на дворната ограда на училиштето, вредност 1.2 милиони денари;
74.    Изработен е проект за адаптација на поткровјето на училиштето „Св.Климент Охридски“ и ставање во функција на образованието.
75.    Планирана замена на столаријата во ПУ во с. Тработивиште;
76.    Набавена ит-опрема за потребите на далечинското учење,
77.    Хортикутурно уредување и одржување на дворот на училиштето;
ОЈУДГ „Весели цветови“
78.    Целосна реконструкција на канализациската мрежа во делот на кујната до главниот одвод, реконструкција на кујната и набавка на кијнси апарати во ОЈУДГ „Весели цветови“;
79.    Реконструкција на кровот и дел од фасадата во ОЈУДГ „Весели цветови“;
80.    Подготовки за отворање градинка во други просторни услови, една занимална со придружни по закон простории во с.Разловци во простор на ООУ ,,Св.Климент Охридски“Делчево;
81.     Набавени играчки и дидактички средства за сите воспитни групи, нишалки и релаксатори за бебиња во јаслите;
82.    Набавено е возило за дистрибуција на храна во ОЈУДГ „Весели цветови“; (Инвестиции во градинка 2,25 мил ден);
ЈЛБ „Илинден“
83.    Воведување електронско издавање книги во ЈЛБ „Илинден“
84.    Во системот COBISS-електронско обработување и евиденција на книги, се внесени 13.000 наслови;
85.    Инвестиции во инвентар, полици, канцеларии, набавка на опрема за осовременување на условите за работа во ЈЛБ „Илинден“;
86.    Зголемен книжниот фонд на ЈЛБ „Илинден“ со нови наслови, набавена и црковна литература и литература за деца;
87.    Опремена современа читална на ЈЛБ „Илинден“;

Култура и соработка со НВО
88.    Организација на концерти и изложби во рамките на Делчевско лето;
89.    Организирана научна трибина по повод 1150 години од смртта на Кирил Филозоф;
90.    Мултифункционален центар во функција на граѓаните и на Советот на Општина Делчево;
91.    Опремена современа сала за склучување граѓански брак;
92.    Уредена и означена планинарската патека Голак-Виница, како и планинарската патека за Кукуљето во с. Нов Иственик;
93.    Поддршка на спортските клубови и на здруженијата на граѓани преку јавен повик и транспарентна поделба на средствата;
94.    Стартешки документи: Стратегија за родова еднаквост на општините Делчево, Берово и Пехчево, како и Акциски план на Општина Делчево; Стратегија за надворешна комуникација на Општина Делчево; Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор во Општината; Стратегија за социјална заштита, а во моментов работиме на Стратегија за ЛЕР за 2021-25 г.
95.    Сертификат за општествена одговорност;
96.    Доизградба на храмот „Св.Кирил и Методиј“(фасада и кров);
97.    Богато новогодишно украсување на Делчево;
98.    Активности за заштита на населението од ковид 19;

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе