ДЕЛЧЕВО: Градската капела од понеделник во употреба

Делчево, 11.11.2020

Градската капела во Делчево од понеделник, 16 ноември, ќе биде ставена во функција. Согласно со Протоколите за работа, градската капела која има карактер на јавен комунален објект, ќе работи 24 часа со соодветни дежурства на одговорните лица во капелата. Починатото лице се презема од местото, каде што починало, со специјално возило на операторот кој врши погребни услуги на територијата на Општина Делчево, а прифаќањето на починатото лице во капелата се врши во секое време во текот на 24 часа.

Протоколите предвидуваат чување во ладилник на починатото лице, изложување на одарот во посебна просторија за таа намена определена за верски објекти и оддавање последна почит, два часа пред времето определено за погреб. Палењето свеќи е дозволено само на определено место за таа намена, додека храна и пијалоци можат да се внесуваат само во соодветна просторија.

Во овој период на пандемија, граѓаните треба да ги почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од ковид 19, а во таа смисла и да не се дозволи поголемо групирање при погреби. Во градската капела ќе се врши честа дезинфекција, по секој извршен погреб. Исто така, Правилникот изричито укажува дека посмртните останки на лица починати од заразни болести нема да се изложуваат на одар, а телото ќе се чува во ладилникот на капелата само во лимен ковчег кој не смее да се отвора.

Висината на надоместокот за користење на мртовечница со ладилник (капела) на градски гробишта Делчево изнесува 2.000,00 денари.

Инаку, изградбата на градската капела е инвестиција на Општина Делчево, вредна 7 милиони  денари со вклучен ДДВ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе