ДЕЛЧЕВО: „Илинденска“ во ново руво

Делчево, 10.11.2018
Министерот без ресор во Владата на РМ, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, денеска направија увид во завршните работи на ул„Илинденска“ во ромското маало во населбата Маџир Маало.
Градоначалникот Трајковски изрази голема благодарност до министерот и Владата на РМ за поддршката во реализацијата на овој голем и значаен инфраструктурен проект за жителите од Маџир Маало.
ilinden delcevo_800x532– Ми претставува посебно задоволство што успеавме да решиме уште еден голем децениски проблем за жителите од познатото Маџир Маало со што го поврзавме Вториот со Третиот Реон од Старо Делчево. Улицата „Илинденска“ беше голем проблем за жителите кои овде живеат, поради тоа што беше тесна и непристапна. Согласно со проектот, изградена е улицата во должина од околу 300 метри и ширина од 3 м., поплочена е со бехатон плочи, а поради конфигурацијата на теренот, изграден е потпорен ѕид од 40 метри во должина и 4 метри висина. На овој дел е поставена и ограда во должина од 40 метри и канделабри, рече Трајковски.
Министерот без ресор Аксел Ахмедовски е задоволен од реализацијата на овој проект, но и од работата на градоначалниците.
– Оваа улица придонесува населбата да има два влеза, како и поврзување на два реони во стариот дел од градот. Задоволен сум од реализацијата на проектот и посебно овде сакам да истакнам дека сум посебно задоволен од соработката со градоначалниците која е  искрена. Сакам да укажам дека продолжуваме понатаму со иневстициите. Со ребалансот имаме обезбедено нови средства и дел од нив ќе дадеме на Делчево, каде веќе имаме подготвени проекти за реализација, а во 2019 г ќе имаме поголем фонд на средства и со реализацијата на овие проекти ќе дадеме голем придонес во подобрување на кавлитетот на животот на ромската заедница, но и воопшто на сите граѓани, рече Ахмедовски.
Улицата „Илинденска“ претставуваше „тесно грло“ во населбата Втори Реон и со нејзината изградба се поврзаа двата реони во стариот дел од Делчево. Вредноста на инвестицијата е 2.100.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на РМ преку Стратегијата за Ромите.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе