ДЕЛЧЕВО: И населбата Басарица добива атмосферска и фекална канализација

Делчево, 08.11.2019

Интензивно се работи на поставување фекална канализација која поминува низ дел од населбите Басарица и Полето. Согласно со проектот, се градат 4 крака од фекалната канализација во должина од 2 км., а градежните работи кои ги извршува ОСД „Кирил“ од Скопје треба да завршат до крајот на месецот февруари.

Средствата за изградба на овој инфраструктурен проект во висина од 6,8 милиони денари се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Исто така, во населбата Басарица во тек е и изградба на атмосферска канализација. Екипи на ЈКП „Брегалница“ работат на поставување инсталации во должина од 1 км. Досега се завршени 200 метри, поставувени се цевки фи-315,  а изградени се 7 собирни шахти. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево. По завршувањето на поставување на атмосферската канализација, ќе се пристапи кон изградба на планираните улици во населбата во должина еден километар.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе