ДЕЛЧЕВО: Најдобрите ученици Роми на прием кај градоначалникот Трајковски

Делчево, 08.04.2019

По повод Светскиот ден на Ромите 8 Април, најдобрите ученици Роми од трите образовни институции во Делчево, денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Ученичката во прва година од СОУ „М.М. Брицо“,Мерал Незировска, ученикот во 9 одделение во ООУ „Ванчо Прке“, Едис Атин Мемедов, како и ученикот Ибраим Ибраимов од ООУ „Св.Климент Охридски“, се ученици со најдобар просек меѓу ромските ученици во Делчево.

Градоначалникот Трајковски истакна дека нивниот пример треба да го следат сите ученици, бидејќи образованието дава реална основа за полесно вклучување на пазарот на трудот.

56811259_1999651920161140_4147451279804727296_n_800x600-Чест ми е денеска што имавме средба со најдобрите ученици Роми во нашиот град. И што продискутиравме за нивните предизвици, проблеми, но и амбициите за постигнување резултати во образованието. Успехот во образованието треба да им биде водилка во животот и само образованието е пресудно за подобро вработување и достоен живот, односно шанса кога ќе излезат на пазарот на трудот. Ме радува фактот што последните пет години во Делчево се зголеми бројот на полнолетни Роми кои го докомплетирале своето основно и средно образование, но и е зголемен и бројот на Роми кои дипломираат, рече Трајковски

Во Делчево точно 91 ученик Ром се вклучени во образовниот систем, додека 13 дечиња од предучилишна возраст посетуваат градинка, а десет се вклучени  во Проектот „Инклузија на децата Роми“.

Како еден инструмент за мотивација на учениците Роми да постигнуваат поголеми успеси во образованието, е и доделувањето стипендии, а Општина Делчево веќе 11 години доделува и парична награда во износ од 10 илјади денари за најдобриот средношколец Ром.

Во организација на Општина Делчево и НВО КХАМ вечерва ќе се одржи традиционалната прослава по повод Денот на Ромите, на која ќе бидат врачени и наградите за најдобрите ученици Роми.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе