Домот за стари лица во Берово фаворит за швајцарските пари

Штип, 20.03.2019

Доградба и реконструкција на Домот за стари лица во Берово, партерно уредување на Пехчевските водопади и реконструкција на ски лифтот на Пониква кај Кочани се  трите проекти кои се издвоија во рамките на трите дебати во форумот на заедниците од Источниот плански регион. За тоа кој ќе добие донација од 4,8 милиони денари од Швајцарската развојна агенција ќе одлучат швајцарците.

-До 25 март годинава имаме обврска овие предлози да ги испратиме до Швајцарскатра развојна агенција чија комисија ќе избере еден од овие три проекти, информира Александар Николов, од Центарот за развој на Источниот плански регион.

БЕРОВО СТАРЕЧКИ домДомот за стари лица во Берово доби 57 бода, партерното уредување на водопадите кај Пехчево доби 47, а реконструкцијат на ски лифтовите на Пониква 44 бода. Обичајно правило е донаторот да го избере проектот кој добил најмногу бодови, а ако биде така тогаш целата оваа работа ќе им донесе многу радости на старите лица на кои им е неопходно домско сместување и тоа не само од Берово туку и од регионот.

Буџетот потребен за реконструкција на Домото за стари лица во Берово изнесува 6,623.000 денари, а тоа значи дека општина Берово, во кофинансирањето на овој проект ќе треба да учествува со 1,8 милиони денари.

Ако комисијата при Швајцарската развоја агенција се одлучи за водопадите кај Пехчево тогаш во проектот вреден 5,4 милиони денари оваа општина ќе треба да придодаде и еден милион денари свои буџетски пари.

Општина Кочани има проект за реконструкција на ски лифтовите на Пониква вреден 4,8 милиони денари точно колку што е и донацијата од Швајцарија, а тоа значи дека ако овој проект биде избран од донаторот тогаш општината нема да мора да обезбедува сопствени средства за кофинансирање.

Инаку, и официјално е оценето дека Центарот за развој на источниот плански регион ги организираа најуспешните форуми на заедници од сите региони во државата. Како потврда кон ова е и фактот дека на секој од трите форуми за швајцарската донација присуствуваа по околу 140 претставници на локалните заедници од регионот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе