Домот за стари лица во Охрид: “Ветување-лудо радување”!?

Охрид, 3.12.2017

15 години, партиите и градоначалниците, на постарите лица од Охрид и метуваат дом за нивно сместување, но тие и натаму можат да ги користат единствено субстандардните услуги на геријатриското одделение на Општата болница,со триесетина легла. Се виде дека хотелот – дом за стари лица, досега бил осамо  мамка за купување гласови – реагираат од Огранокот на Партијата на пензионерите, за општините Охрид и Дебрца.

24337541_10212493211817779_1867181074_n-Несватливо е зошто не започна изградбата на Домот за стари лица? Сегашниот градоначалник Јован Стојаноски, преку прес-службата, најави скорешен почеток, наводно, проблемот бил само уште во пристапното патче!? Неговиот претходник,Никола Бакрачески, предлокалните избори,уверуваше дека не сака  инвеститорите да ги ставам во позиција да бидат обвинети дека се дел од кампањата. Оној, пред нив, Алексдандар  Петрески, беше приказна за себе. Во кампањата, пред двата мандати, се братимеше со охридските пензионери, за уште во 2012 да изјави: “изградбата наскоро ќе започне”, но ниту прецизираше кога,ниту пак започна-допдаваат од огранокот на партијата.

Старите и изнемоштени лица, се сомневаат дека проблемот лежи во бизнис интересите на градежните компании. Конечно, целата постапка е завршена – од електронското јавно наддавање за продажба на градежното земјиште, преку изборот на  градежната компанија АД „Илинден“ од Струга – како најповолен понудувач, до потпишувањето на конкретниот договор со нив и  издавањето на  градежните дозволи, но почеток на изградба нема!?

АД „Илинден“ договорот со општина Охрид, го потпиша уште  пред 2, 5 години! Се обврза дека за една година ќе ја обезбеди потребната документација, а потоа за две, најдоцна за 4 години, ќе го предаде објектот на користење! И тој рок ќе помине,земјиштето е пуста ледина. Дали доцнењето се крие во некои трансакциски постапки и интереси? Во општината  не занаат дека АД „Илинден“,наводно, правото на градба го отстапил на  на “Еуробилдинг градба” (!), за нив, купивач на земјиштето и  потписник на договорот е “Илинден” и не гледат проблем во тоа кој ќе гради. Важно било да се почитуваат законските одредби и роковите, како и договорот со општина, акоја фгирма ќе хгради не ги засегало – додаваат од огранокот за општините Охрид и Дебрца.

Ти прашуваат што аир ќе имаат од фактот што општината ќе го раскинела договорот, ако не се испочитувал и кој ќе дочека повторување на постапката и уште 15 изгубени години!?

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе