ДОСИЕ ЗАХАРИЕВ: МАНИПУЛАТОР СО ЛЕКОВИ

Штип, 03.10.2017

Група фармацевти од Штип, загрижени од фактот дека постои опасност и во наредните четири години со градот да раководи Илчо Захариев, ни доставија текст со наднаслов „ДОСИЕ ЗАХАРИЕВ“ и наслов „МАНИПУЛАТОР СО ЛЕКОВИ“. Текстот е објавен во весникот Сведок, на 26 март 2003 година. Ние го преобјавуваме за да видиме до каде се стигнало со тврдењата изнесени во весникот во кој се говори за ПРОНЕВЕРА ОД  страна на Захариев од 850.000 германски марки!

Со оглед на фактот дека и самиот Захариев, во медиумите има изјавено дека против него, само во овие 4 години од мандатот, му биле поднесени над 40 кривични пријави, и со оглед на фактот дека ниту една од пријавите од Обвинителството не е дадена пред надлежен суд, а плус тоа и со оглед на цел систем од контроверзи кои го следат Захариев од 1994 година наваму со познатата афера со марки и лекови, на мислење сме дека текстот од Сведок е вреден за реобјавување. Па кој во што сака нека си верува.

DSC_3363Еве што стои во текстот со наслов „МАНИПУЛАТОР СО ЛЕКОВИ“.

-Дипломираниот фармацевт м-р Илчо Захариев во јавното обвинителство во Штип има досие од неколку стотина страници. Ние, група фармацевти, сакаме да ја обелодениме вистината за овој голем измамник, европски мафијаш, лажго, кој со многу перфидни игри манипулира со се и со сите. Всушност, оваа личност прва почна со манипулирањето со лекови, односно перфидно купуваше скапи лекови, но со краток рок на траење. Но, затоа пак, со компјутерските манипулации заработуваше големи провизии. За се што тој „работеше“ постои доказен материјал, односно за направената и докажана голема проневера од 850.000 германски марки. За време на најголемата криза со лекови беа фрлени повеќе од седум преполни трактори со лекови со поминат рок на траење. Севкупниот доказен материјал полицијата го доставила до јавното обвинителство. Не се знае кога почнаа неговите криминални дејствија, но кога на власт дојде ВМРО ДПМНЕ тој многу добро успеа да се снајде.

Човекот кој некогаш високо котираше во СДСМ сега бргу се престрои и се спријатели со Пане Велев, висок функционер од ВМРО ДПМНЕ. Захариев бесчувствително ја користеше болеста на татко му на Велев, набрзо стана голем вмровец. Бидејќи доказите за неговото работење потекнуваа од вработените во Градските аптеки во Штип, тој почна да ги прогонува и колегите кои сведочеле против него. Се случи и еден непријатен настан, односно благајничката доби нервен слом, дури мораше да биде преземено и болничко лекување. Илчо Захариев преку Велев, се поврзува со Љубе Бошковски и Војо Михајловски кои набргу го поставија за директор. Во Штип тоа беше настан без преседан. Многу бргу се снајде и заедно со Михајловски правеа многу нечесни работи. За чудо, по последните праламентарни избори, тој беше преплашен и сам си понуди оставка затоа што некој му се „меша“ во фактурите. Голема лага и измама. Чудно, но некој повторно го спаси Захариев, или некој е финансиски добро подмачкан. Илчо Захариев имаше повторна можност да ја докаже својата способност за манипулирање. Некој ги заобиколи седумте трактори фрлени лекови со поминат рок.

Евидентно е материјалното напредување на Захариев кој за 12 години работа купи два стана во Штип, стан во Скопје за 170.000 марки, стан во Охрид, стан во Делчево, магацински простор за лекови во Штип и Скопје за 250.000 швајцарски франци заробени девизи.

Се надеваме дека конечно ќе бидат превземени мерки против Захариев и тој ќе сноси одговорност. Нашите интервенции и барање правда завршија неуспешно во 1996 година. Деновиве беше направен уште еден голем преседан. Наместо да се повика на одговорност тој беше поставен за член на Комисијата за лекови која е товар на Фондот за здравство. Се надеваме дека Јавното обвинителство ќе превземе соодветни мерќи и ќе го оневозможи натамошното дејствување на Илчо Захариев.

Забелешка;

Овој текст, како што спомнавме на почетокот, е објавен во весникот Сведок во месец март, 2003 година. Од тоа време до ден денешен Илчо во јавноста се поврзува со многу афери од финансиска и од нечовечка природа. Но, тој си е безбеден зашто скогаш кажува дека судовите ништо не му можат. Зошто? Вреди да се  истражи.

Во исто време напоменуваме дека на Илчо Захариев пред да се појави на 15 овој месец на избори за градоначалник,  istokpres.mk му овозможува да си го каже своето. Ќе му отстапиме ист простор како и просторот во кој го објавуваме овој шокантен прилог за човекот кој одново сака да биде штипски градоначалник.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе