“Дуња е мердевине” (Векот е скала): “Констелацијата” го разобличи Керим!?

Oхрид, 10.03.2017

 

  • Пред дипломатијата,  Керим беше асистент на Економскиот факултет во Белград, кај професор д-р Љубиша Адамовиќ, а во тој период беше откриен плагијатот од докторатот на Керим. Адамовиќ тогаш изјави дека најсреќен ден му бил оној кога Керим заминал од Економскиот факултет!

Срѓан Керим, за Соња Крамарска и за медиумите под негова контрола и натаму  “претседателот на 62. Генерално собрание на ООН”, повторно им се препорачува на медиумите. Истото, тоа беше и Вук Јеремиќ, ама никој во Србија денеска така не го титулира. Во една прилика, новинарите го прашаа српскиот премиер Александар Велики Вучиќ – која е, всушност, главната позиција, улога и надлежност на човекот кој ја “обнаша” функцијата претседател на Генералното собрание на ООН? Вучиќ одговори: Во случај на напад на вонземјани, главната командна палка во светот ја презема тој функционер! Новинарите зајадливо се поднасмеаја, се поднасмеа и Вучиќ, на сопствениот цинизам и сарказам, но додаде: Навистина, не се шегувам, така пишува во Статутот на ООН.

Па добро, ние од Балканите, (секако и целата земјина топка!), бевме најсигурни за време на мандатот на претседателот на 62. Генерално собрание, а и подоцна, незнам, “забравив” – кое беше по ред она на Јеремиќ, денес кандидат за претседател на Србија, значи и по таа линија “колега” на нашиот, што би рекол Тричко – Срчан Керим (претседателскиот кандидат на СДДСМ!), кого тогашната “консталација на односите” го исфрли од играта! Најверојатно, и иден претседателски кандидат (сега на ВМРО ДПМНЕ!), ако и тогашната “констелација” не го исфрли од играта!

imagesКога сегашниот Прецедател, беше утврден за кандидат, напишав колумна во која Ѓорѓе Иванов го поставив на рамницата, некаде кај Плака, а Срган Керим, на самиот дипломатски Олимп! Можеби бев наивен, ама, барем за делот на дипломатијата и денеска би го напишал истото. Повторувам – за дипломатијата. Срѓана не го знаев добро, не сум имал контакти, освен на поминување, Ѓорѓета го знаев подобро. Еднаш ме потсети дека, исто како мене, и тој бил делегат на Конгресот на СКМ -СКЈ, кога го биравме Гошев, а како на надежен “соросоид”, му доверив предавање на мој радиски проект во Охрид (со професор д-р Ферид Мухиќ), заедно со сите патни, дневни и други “принадлежности”!

Оставајќи ги настрана човечките квалитети, во делот на дипмоматската кариерност, јас и денеска мислам дека Керим е еден од подобрите наши. Секако, оставајќи ги настрана аферите со провизиите при градбата на амбасадата во Берлин, скапите станови во Њујорк. Аферата со парите во шише, си е друга работа, не ја “турам” во дипломатијата. Освен, разбира се, капачето на крајот: На сметка на овој народ, кој претура по контијнерите, водеше кампања, рашетувајќи се по светот во една однапред изгубена битка, по принципот на Кубертен: Важно е да се учествува!? Номинација на „шише со пари“, во комбинација со Керим за генерален секретар на ОН!? Номинација – во Керим комбинација!?

Но едно е да сте дипломат, а друго е да изигрувате умен и да одговарате со (не)дипломатска умешност, да речеме кога некој новинар, или телевизија,  ќе ве “декса” и ќе ве покани на разговор. Уште ако сте истовремено и шеф на ,,само,, три од вкупно 5 дневни весници во Македонија. Тука нема место за мудрување, играње “кур-ташак”, цинизам и други својства на (не)дипломатијата. Еве како конкретно би изгледало тоа:

Мишко Иванов: – Има информации дека ќе го продавате МПМ?

Срѓан Керим: – Зашто, да не сте вие заинтересирани за купување?

Мишко: – Новинарите од вашите весници два месеца протестираат, вие не сакате да ги примите?

Срѓан: – Тоа за новинарите и медиумите, не е прашање на медиумите! Ќе одговорам таму на “лице” место!?

И на крајот заклетвата дека Керим “не вршел притисок врз уредниците”?!

Колегата Бранко Геровски, веќе напиша дека, на Срѓана му кажал “да си го гледа мерцедесот”, кога овој му дал “ишерет” дека треба да одлучат “што ќе прават со Катето Блажеско!?”.  Не би сакал да ги пренесувам искуствата, на пример, на колегата Зоран Андоновски, кога во печатницата му менуваа одобрени од него текстови, на Горан Михајловски, а знам и искуства во обратна смисла, кога главни уредници и “уреднички” му “учинувале”, без тој и да го бара тоа!

Еве, ќе споделам едно мое искуство, како Керим “не вршел притисок” (или како самоиницијативно му се упикувале во шупакот!). Во Охрид беше дојден Карлос Слим, на некој информатички собир, организиран од Иво Иваноски, тогаш министер за информатичко општество и администрација. Во “Инекс-Горица” хотелот, се нашол и Керим. Дошол да го види Слим и да го видат!  Направил и кадро, со милијардерот .Во својство на дописник на “Утрински весник”, направив извештај, ама не го видов Срѓана!?..Уште истата вечер, од дремката ме разбуди главната и (не)одговорна – Кравмска, ме направи пуздер! Ми заврши дописникувањето, ама “главната” другиот ден, ја презела мојата улога. Удрила извештај (непотпишан од нејзе!), како во Охрид бил претседателот на 62-то Генерално собрание, уште и доказ – кадрото со Слим!

Во меѓувреме, ми севна и ова: Во истиот хотел во друга прилика, говореше и Керим, како дел од официјалната програма. Задоцнив за почетокот, отворањето, те дополнително му го побарав излагањето. Рече да испие едно кафе на терасата (во друштво на Љупчо Радникот, балерината, Антони Пешев…) и ќе се качи до соба! Нејсе, кафето траеше еден добар час, ако не и нешто повеќе. Му приоѓам, му велам за излагањето ве чекам. Ајде вика и да каснеме со пријателиве, па ќе се качам! Не, му викам, ќе помине многу време! Нејсе, се смилостиви, се качи, го донесе излагањето. Ете колку му стало до новинарите и тоа “негови”. За “Утрински весник”, пишував тогаш!?

Ние, кои, како Керим работевме во сојузните органи до распадот на Југославија (јас во ТАНЈУГ), знаеме многу повеќе отколку што денеска Керим и раскажува прикаски на помладите колеги. Во тоа време Керим беше во Сојузниот секретаријат за надворешни работи (ССИП), но во никој случај како “заменик министер!”.Кратко време беше портпарол на Секретаријатот, со ранг на “помошник министер”, како, да речеме колегата Иво, кога беше во МВР. Еве како тоа пректично изгледа: “Шта, то измишља тај Керим, да је наводно био мој заменик у ССИП-у Југославије?То је ноторна лаж. Срамота! Никада тај човек није био ни близу мог заменика”!!!  (Будимир Лончар).

Пред дипломатијата,  Керим беше асистент на Економскиот факултет во Белград, кај професор д-р Љубомир Адамовиќ, а во тој период беше откриен плагијатот од докторатот на Керим. Адамовиќ тогаш изјави дека најсреќен ден му бил оној кога Керим заминал од Економскиот факултет!

Во  меаната “Пролеќе”, во која се собираа танјуговци (со нас често беше и Славко Грличков – колега од ТАНЈУГ) , што би рекле Србите “колаше” и оваа приказна.:Во времето кога претседател на југословенската младина (ССОЈ) бeшe словенецот Лев Крефт, човек со демократски и либерални манири,нa една конференција на Малта, беше го понел со себе и нашиот – тогашен “омладинац”,  Керим. Приказната вели (а кој ѓавол ќе знае, колку се приказните точни и прецизни!) дека сопатникот на Крефт,  го денунцирал и цинкарел кај Александар – Цане Грличков, во тоа време извршен секретар на  CK СКЈ. Демек, Крефт забегал и зборувал противно од ставовите на СФРЈ! “Разбира се” Крефт е сменет од функцијата, а неколку години подоцна “земјакот” од Штип и пријател на “тате Асан” (првиот повоен градоначалник), Грличков признал дeкa бил дезинформиран од  “омладинецот” Керим и дека многу жали што Крефт е сменет врз основа на дезинформации!

И така, од Штип, преку Белград, Берлин и Њујорк, доагаме назад во Скопје. За наша “национална жалост”, Керим, не помина на “Ист Ривер”, ама барем учествувал, што би рекол славниот Бузле Панта Реи Кубертенски!? “Се уплашиле Американците и британците”, односно “констелацијата си го направила своето!”. Ајде, има време, можеби во “третата среќа” (тогаш со ВМРО ДПМНЕ!), ако, “разбира се”, дотогаш не сменат “констелациите”!?

Веле Митаноски

 

 

 

 

 

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе