Египјаните од Блаканот со свечена акадаемија во Охрид

Охрид, 29.09.2018

Движењето за културна еманципација и самобитност на Египјаните од земјите на Балканот, започна во Струга и Охрид, во осумдесеттите години на минатиот век, во тогашната југословенска федерација. Во одделни земји, како Албанија, Косово и Црна Гора, резултатите, после долгиот изоден пат, се повидливи, за разлика од Македонија. Коренот, зошто е тоа така, пак се бара во Охрид, односно во Рамковниот договор, кој, фаризирајќи ги правата на албанската заедница, битно ги уназади правата на другите, таканаречени мали етнички заедници, иако бројот на Египјаните на Балканот се мери со бројка од околу еден милион.

Ова се основните поенти, од денешната прослава во Охрид, по повод 20 годишнината од одржувањето на Првиот Конгрес на Сојузот на балканските Египјани, одржан од 26 до 29 септември, пред две децении,  во Охрид.

Големата сала на општина Охрид беше претесна да ги прими сите гости и заинтересирани за присуство на свечената академија.

Покрај свечените говори на првиот човек на Сојузот на балканските Египјани, професор д-р Рубин Земон, како и на претседателот на Здружението за мулти културна интеграција Инкулузија од  Охрид, Вахид Мемед, на свеченоста се обратија пратеници и заменици министри – Египјани во косовскиот парламент и  владата, како и советници и државни функционери и од Република Албанија.

Присуствуваше и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Македонија, Илхам Рахман.

egipet01Присутните ги поздрави и градоначалникот на Охрид, професор д-р Јован Стојаноски, кој,честитајќи им го јубилејот, ја нагласи отвореноста на македонското општество, посебно принципот на инклузивност за помалите заедници што го негува неговата партија- СДСМ.

– Вашата етничка заедница е конструктивен дел во градењето на соживот во Охрид, сигурен сум дека наскоро ќе дојде време да се реализира и вашето барање, како етничка заедница да бидат дел од Преамбулата на Уставот на Република Македонија – нагласи Стојаноски.

Професор д-р Рубин Земон, кој, инаку е посебен советник за мултикултурно општест, интеркултурализам и интер-културна комуникација при Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, меѓу другото, нагласи дека после Конгресот, движењето доби една нова историска, културолошка и меѓународна димензија, посебно со усвоената Резолуција која го декларираше правото на Египјаните за постоење на Балканот и за почитување на нивните човекови и малцински права. Со тој документ, исто така се прокламираше геогравската, културолошка и етничка динстикција помегу балканските Египјани, со Египјаните кои денес живеат во Египет, а кои во најголем дел се декларираат како Арапи.

Според Вахид Мемед, Египјаните во Република Македонија,иако не се сосема задовоилони од постигнатиот статус во општеството, тие  не ги забораваат културните вредности и посебности на заедницата на која припаѓаат. Најмногу ги има во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Дебар, Струмица, но и во другите делови на државата, а се верува дека на Балканот се дојдени како колонисти да ископуваат и експлоатираат метали во 13 век п.н.е. Припаѓаат на семејството на семитско-хамити народи, а зборувале на староегипетски јазик, кој денес е изгубен.

За колонизацијата на Египќаните на Балканот има сведоштва скоро кај сите антички автори, но и богато археолошко наследство. За време на преродбеништвото во 19. век. Египјаните за прв пат се спомнуваат во весникот „Македонија“ што излегувал во Цариград во 1867 година, а текстот е пишуван од еден Египјанец од Прилеп.

Денес се претпоставува дека на Балканот живеат околу еден милион Египјани, најмногу ги има во Грција, Албанија, Косово, Република Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а не е мал бројот на оние кои живеат и во Турција и Бугарија.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе