Етничките Македонци од Голо Брдо и Мала Преспа, организирано и координирано, собираат помош за настраданите од земјотресот во Драч и Туман

Охрид, 29. Ноември 2019

– Етничките Македонци во соседна Албанија, мегу првите, се организираа во собирањето материјална и финасиска помош, за настраданите од разурнувачкиот земјотрес, од понеделникот, во Драч и Туман.

Најмасивно и најорганизирано е во средините каде има поголема концентрација етнички Македонци, како Голо Брдо и Пустец.

Во собирањето помош, се вклучија сите 9 села од областа Мала Преспа.

Акцијата се води организирано и координирано од страна на градночалникот на единствената општина на македонското етничко малцинство – Пустец, Поли Колефски, како и единствената политичка асоцијација на етничките Македонци – Македонската алијанса за европски интеграции (МАЕИ).

pomos-od-opstina-pustec-za-zemjotresot-768x454Претседателот на партијата, едновремено и единствен народен претставник Македонец, во албанскиот парламент, Васил Стерјоски, информираше дека викендов во Охрид, ќе заседава Централниот комитет на партијата, кој треба да избере генерален секретар и други органи.

Седницата ќе биде искористена за договор, околу натамошното спроведување на собирната акција на  производи и финасиски средства за настраданите од земјотресот.

Во акцијата за собирање помош, активно се вклучени и верниците од МалаПреспа, преку тамошната православна црква.

В.М.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе