ЗАЕВ: Новата фабрика во Пробиштип е дело на нашата Влада и на Владата предводена од Емил Димитриев

Пробиштип, 11.12.2019

Во Пробиштип денес беше пуштена во работа новата фабрика на Кранфилд Фаундри. Во овој стопански капацитет ќе се остварува производство и обработка на одлеаноци од сиво, нодуларно железо. Сопственик на фабриката е Серѓеј Кручинин, кој е приватен инвститор и има македонско државјанство. Фабриката ја градеше штипска „Актива“. Досега во нејзината изградба се вложени 17 милиони евра а вкупниот број на вработени ќе се заокружи на 300 лица при што доминантна ќе биде високообразованата работна сила, пред се електоринженери.

Заев, Анѓушев, Анастасов
Заев, Анѓушев, Анастасов

На свеченоста присуствуваше и премиерот Зоран Заев во придружба на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Оваа фабрика е нов стопански капацитет кој нашиот град го добива после триесет години. Среќени сме поради фактот дека во фабриката работа ќе најдат 300 лица, и што таа позитивно ќе влијае на социјалниот живот на заедницата, рече градоначалникот Драган Атанасовски.

78663061_2590712771013225_2896860157302538240_n_448x600На почетокот од обраќањето премиерот Заев рече дека е убаво чувството кога народот гледа како власта и опозиција заедно слават еден успех.

-Ова е нешто кое го започна поранешниот премиер Емил Димитриев, а го заврши оваа влада. Од стартот на изградбата па до овој ден инвеститорот Серѓеј Кручинин има вложено 17 милиони евра, а посбно сме среќни што сопственикот при изградбата на фабриката ги користил услугите на локалните и регионални компании што значи приход на овие заедници. Посебно е значаен фактот дека се работи за една од најсовремените фабрики од ваков тип во светот, рече премиерот Заев.

79237237_565269750684739_7318766921132802048_n_448x600Премиерот посебно го нотираше фактот дека сопственикот ги испочитувал сите закони за заштита на животната средина.-Во процесот на работа како енергенс ќе се употребува само електрична енергија, а строго е забрането користење на сировини кои содржат штетни материи за на Европа и светот да може да му биде испорачан еколошки производ. Одлично е и тоа што инвеститорот става приоритет на безбедноста, здравјето и благосостојбата на вработените, рече Заев.

За посебно одбележување се две фирми кои и дадоа значаен „штипски печат“ на оваа фабрика. Тоа се градежната фимра „Актива“ која ја изгради фабриката и   проектантско студио „Атриум“, чиј е проектот за истата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе