Заев: Aко може за богати странци може и за сиромашни македонци

Штип, 21.07.2017

  • Премирот Заев храбро се „нацрта“ пред текстилните и чевларските работници во Штип, за во директна средба очи в очи уште еднаш да им потврди дека од септември месец минималната плата ќе биде 12.000 денари

Првпат се случи премиер на Македонија храбро и одговорно да се „нацрта“ пред работниците за кои се говори дека се со најмали плати во државата. А тоа се текстилците и чевларите. Тоа го направи актуелниот премиер Зоран Заев, кој денес прво имаше средба со сопственици на конфекции во Штип, а потоа се појави и на однапред закажана дебата со работниците во овие индустриски гранки и со претставници на синдикатите.

ZAEV stip tekstilci, 07.2017Заев пред работниците и синдикалните претставници јасно кажа дека мора да се оствари склад во интересот помеѓу капиталот и трудот. –„Разговаравме со сопствениците на неколку штипски конфекции за состојбите во оваа гранка од аспект на плати, услови за работа, годишни одмори  и други права на работниците кои им припаѓаат согласно Законот за работни односи. Условите за работа се добри, но не е добро тоа што работниците во овие индустриски гранки имаат само по седум дена годишен одмор што е многу малку и е под законски пропишаниот, а и платите не се на нивото на кое ние цениме дека треба да бидат. Како Влада се залагаме да се најде склад помеѓу капиталот и трудот зашто едно без друго не може. Сопствениците го создадоа својот капитал благодарејќи на трудот на работниците, а работниците немаат корист ако некој сопственик пропадна, зашто со тоа ги губат работните места, а со тоа и егзистенцијата“, посочи Заев.

Премиерот потврди дека од месец септември минималната плата во државата ќе изнесува 12,000 денари, како и тоа дека зголемувањето на минималната плата ќе повлече зголемување и на другите плати. За оваа цел во трудоинтензивните стопански гранки како што се текстилната и чевларската Владата месечно ќе издвојува по 1,5 милион евра.

Заев изнесе и една значајна новина која ја подготвува Владата, а се однесува на развојот на туризмот. Според Заев, 35.000 сиромашни македонски семејства ќе имаат бенефицирано летување…Според премиерот, ако може државата да дава субвенции за да привлече богати странци , зошто не би можело, на овој начин, да се оствари двојна добивка: од една страна да им се помогне на посиромашните македонски семејства да можат да летуваат, а преку тоа да се помогне и на туризмот како значајна стопанска гранка.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе