Захариев побегна пред Бочварски

Штип, 26.09.2017

Еден важен детал од средбата на стечајците во Штип кои вчера ја преполнија големата сала на општината ја отслика сета предизборна трагедија во која живее староновиот кандидат на Груевски за градоначалник – Илчо Захариев.

01Имено, кога салата беше исполнета до последно место, а поголема група стечајци мораа да стојат бидејќи немаше празно место, Захариев влезе и седна во првиот ред. Но, стечајците се сетија дека тука, со нив, задолжително мора да биде и другиот кандидат за градоначалник Благој Бочварски, кој за функцијата градски татко е кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Стечајците оценија дека  оваа средба тие мора да ја облагородат со присуство и обраќање кон нив на  кандидатот за градоначалник на партијата која ургентно им го реши долгогодишниот проблем…

22046906_1412668332122349_6537819275127686874_nБочварски веднаш дојде кај стечајците, а тоа беше токму во моментот кога Захариев го беше завршил своето кратко обраќање. Кога Илчо Захариев го виде Бочварски како влегува во салата, а посебно кога ги слушна силните овации од стечајците, како полиен со врела вода скокна од столчето и фати магла од сцената од која четири години, кога ќе си посакаше, на штипјани им испраќаше нарцисоидни пораки. Бегањето беше во стилот на познатиот филм „Бегај Бади, бегај“!

22046905_1412668732122309_5557202422958775855_nОва не е прво бегство на Захариев во овој изборен период од јавните мегдани кога ќе се соочи со фактот дека повеќе не е омилена личност меѓу штипјани. Тој побегна и од последната седница на Советот на општината кога зачестија критиките на неговото самоволно работење кое, како што рекоа негови сопартијци било на штета на градот.

21766803_1412668488789000_4869702444580130796_nУште колку вакви бегства ќе „оствари“ Илчо Захариев не е тешко да се погоди. Најинтересно ќе биде да се види дали Нарцисот од Ѕвегор ќе ја прифати поканата на медиумите за ТВ дуел со неговиот политички опонент. Како што сега стојат работите, такво нешто ќе се случи – утре сабајле!

21765003_1412668425455673_4073125125213831046_n

21764873_1412668902122292_6273759462406913454_n

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе