Захариев пратил емисари кај пожарникарите, побарал помирување!

Штип, 06.03.2017

• Денес на средба со пожарникарите во Штип дојдоа емисари на Захариев кои ја најавија неговата „добра воља“ овие луѓе правдата да не ја бараат на суд зашто тој ќе постапел согласно законот?!

ilco-zahariev11Штипскиот градоначалник Илчо Нарцис Захариев најверојатно не сметал на упорноста на штипските пожарникари кога тие му запретија со нова тужба поради неисполнување на финансиски обврски согласно законот за пожарникарска дејност. Но, луѓето кои и денес приквечер (нешто по 17 часот) заминаа на гаснење пожар над Клиничката болница, не му се уплашија ставајќи му на знаење дека преку суд ќе си ги барат своите законски права. Тоа за општината би бил нов финансиски удар од над 100.000 евра, после сумата од 90.000 евра која инаeтливиот и самобендисан градоначалник не сакаше да им ја исплати на луѓето кои ги штитат граѓаните и општината од пожари.

Исток прес пред пет дена објави сторија на оваа тема. Притоа го пренесовме предупредувањето на пожарникарите дека ако Захариев не им ги исплати сите финансиски обврски согласно законот, тие своите права ќе си ги барале на суд. За да се види начинот на кој ќе се настапи пред судот, во Штип, на средба со пожарникарите дојде раководството на Синдикатот на македонските пожарникари.

Захариев конечно се свестил и му станало јасно дека со овие луѓе не може да игра нечесно како што тоа го прави со многумина во градот, па денес им испратил општински емисари на преговори.

-Претставниците на Општина Штип ни рекоа дека градоначачлникот бил подготвен на договор со нас за да ги избегне големите судски трошоци. Ние рековме дека сме согласни на такво нешто под услов сите обврски кон нас да си ги исполни во рок од една недела. Ако не биде така тогаш суд не му гине“, ни рекоа дел од пожарникарите кои, со сите колеги, беа на средба со емисарите на Илчо.

-Ние сме подготвени на спогодба но сега под наши услови, зашто законот е на наша страна. Ако градоначалникот за една недела ни ги исплати парите кои сме си ги заработиле а кои тој три години не сака(ше) да ни ги плати, тогаш на суд нема да одиме и ќе ја поштедиме општината од неколку десетици илјади евра. Ако пак Захариев не го стори тоа одиме на суд, зашто друго чаре не гледаме“, ни беше речено по средбата.

Ако падне спогодба тогаш околу 40 пожарникари ќе добијат во просек по 2.500 евра, што говори дека вкупната сума ќе изнесува 100.000 евра. Ако целата работи оди преку суд, таа сума може да биде повисока од 60 до 100 проценти.

Овој скандал направен од градоначалникот Илчо Нарцис Захариев настана поради тоа што тој не сакаше да го испочитува член 13 од Законот за пожарникарство. Според тој член, пожарникарите имаат право на плата повисока за 20 проценти од платата која ја имаат вработените во локалната самоуправа, а се со исто ниво на образование. Тоа Илчо не сакал да го почитува, а поради неговите каприци се празни градската каса. Во која се слеваат парите од маката на штипјани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе