Захариев: Сдсмовци ќе си ги дадат и жените само за да дојдат на власт!

Штип, 27.02.2017

Минатиот петок,  во просториите на ВМРО ДПМНЕ во Штип, стотина вмровци се собрале на состанок на кој партиското раководство требало да им даде инструкции за идното нивно делување. Требало да бидат изложени насоките во однос на тоа како дополнително да се дестабилизира политичката состојба во државата, насоки добиени од централата во Скопје.

Присутните очекувале, како што е ред, да им се обрати претседателот на Општинскиот комитет Дејан Иванов. Но, него го немало во салата, а присутните не добиле некое рационално објаснување каде им е првиот штипски вмровец.

Затоа пак тука бил Илчо Захариев. Тој ја започнал својата тирада како да е клон на Груевски. Говорел (не)човекот за тоа дека СДСМ веќе го продала на албанците името на државата и македонскиот јазик, дека и во штипските училишта ќе се учело и зборувало албански (си велам, подобро да се зборува албански отколку да се кажуваат глупости), па додал дека сите крајпатни табли ќе биле напишани двојазично-на македонски и на албански, дека парите кои ќе сме ги држеле в раце ќе го имале ликови на албанци и албанско писмо…

На крајот, колку да биде забавен и интересен, Илчо Нарцис Захариев Звегорски ја кажал и клучната реченица за таа вечер.

Сдсмовци ќе си ги дадат и жените само за да дојдат на власт“!

 Но, види големо разочарување. Иако очекувал громогласен аплауз за својата „духовита мисла“, Захариев, сепак, добил само многу млако одобрување од мал број сопартијци за искажаната небулоза. Најголемиот дел од присутните, иако се вмровци, оцениле дека „досетката“ на Нарцисот не заслужува внимание, а уште помалку поддршка, дека е дебилна. Затоа што добар дел од нив имаат мајќи, сестри, братучетки, снаи и други дами-блиски роднини кои се во спротивната партија.

Сепак, во оваа нова Илчова политичка игра преку сите граници на нормалноста, во тој негов кривоговор. постојат две суштински работи.

Првата работа е содржана во прашањето од кога тоа Илчо се разбира во – жени!?  За него во Штип многу повеќе се говори дека е експерт за мажи.

Втората работа е содржана во фактот дека откако една личност ќе биде избрана за градоначалник, тој престанува да биде репрезент на партијата која го  кандидирала за таа функција, туку се закитува со исклучителната титула „татко на градот“. Од таа позиција тоја има обврска да се бори за интересите, животот и достоинството, да го чува и негува интегритетот на сите во градот на чие чело е. Следствено на тоа и на интегритето на жените чии сопрузи се мажи со сдсмовска политичка ориентација.

Јаден е градоначалникот на Штип кога на еден толку низок начин, во петочната вечер, се обидел да понижи дел од штипското граѓанство….

Но, тука има работа и за женските здруженија. Жената не е предмет кој некој може да го „дава“ и „продава“. Жената, без оглед на нејзината политичка ориентација, е самостоен и самосвоен субјект кон која секој, а посебно носител на висока општествена функција, има обврска да се однесува со почит и пиетет. По ова прашање особено треба да се јави Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Јасно да се огради од градоначалникот и неговата морбидна теза.

Ако Унијата досега нема информации за овој голем скандал во режија на градоначалникот, сега ја има. Јавноста е во очекување на нивната реакција.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе