Зачленувањето во НАТО суштински ќе се одрази на секојдневниот живот на граѓаните и на нашата иднина

ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ, кандидат за пратеник во Изборната единица три

Штип, 24.06.2020

Господинот Илија Николовски,  генерал во пензија, пратеник во последниот пратенички состав и кандидат за нов пратенички мандат на претстојните парламентарни избори од листата на СДСМ со коалиционите партнери, претседател на Партијата на пензионери е гостин во рубриката „Интервју на тема“ на нашиот портал. Со оглед на големиот професионален и политички багаж на г-дин Николовски, со него разговараме на исклучително важната тема за иднината на нашата држава, а тоа се придобивките од нашето членство во НАТО.

Г-дин Николовски, вие сте личност со голем професионален и политички багаж, тоа нам ни дава за право да побараме за нашите читатели да појасните на кои сé настани од значење за иднината на државата сте биле сведок и учесник?

-Најнапред сакам да се заблогодарам на поканата за учество во оваа интервју на тема        ,,Придобивките на РСМ од членството во НАТО“. Задоволството е уште поголемо, бидејќи целата моја кариера во АРМ, после пензионирањето и  како пратеник во Собранието на РСМ и заменик претседател на Комисијата за одбрана и безбедност ми e посветенa токму на темата зачленување на РСМ во НАТО алијансата.

105400769_260648435379892_6351079491496671044_nСведок и учесник сум на многу настани, меѓу кои би ги издвоил: На 23.12.1993 година Усвојување во Собранието на РМ на Резолуцијата за пристапување во НАТО, учествував во изработката на пристапните документи на РМ во ПЗМ и на 15.11.1995 потпишувањето на рамковниот документ за пристапување кон Програмата на ПЗМ и истовремено, пристапување во Северноатланскиот совет за соработка. На 19 јануари 1996 година РМ потпишува Спогодба за безбедносни аражмани помеѓу НАТО и РМ. На 4 јуни 1996 Собранието го усвојува Законот за ратификација на партнерскиот СОФА договор; во декември 1998 година Владата на РМ го одобрува престојот на силите на на НАТО за извлекување на Верификационата мисија на ОБСЕ на Косово. Посебно би го издвоил самиотот  на НАТО во Вашингтон (април 1998) кога официјално постануваме земја кандидат за членство во  НАТО и се приклучуваме во Акционит план за члeнство во НАТО, Од агуст 2002 година започнува нашето учество во мисии предводени од НАТО.

Каква е генезата, односно какви беа почетоците на нашето претставување во НАТО?

-Лично учествував во изборот на кандидати, упатувањето и отврањето на канцелариите за врски во Брисел и Монс 1996/97.  Најголемата сатисфакција ја доживувам во јуни 2002 година кога бев номиран и упатен како прв Воен преставник во ВК на НАТО во Брисел со екипа од петмина старешини. Истовремено со зајакнува и екипата во Монс.

Посебно сакам да потенцирам дека моето најголемо задоволство го доживеав како пратеник во Собранието на РСМ кога повторно усвоивме Декалација за пристапување на РСМ во НАТО и кога ја добивме поканата за членство во НАТО  и потпишувањето на Протоколот за пристапување на РСМ во НАТО на 6 фебруари 2019 во Брисел што преставува важен историски чин во реализацијата на оваа стратегиска цел, бидејќи за нас како мала земја која се наоѓа во многу важна и чувствителна геостратешка положба постигнувањето на таа цел е од особена важност затоа што светот чиј дел и ние, а особено нашето непосредно опкружување, се соочува со многу неизвесни предизвици, како што се меѓународен тероризам, шверц и пролефирација на оружје,хибридни закани, сајбер напади. Затоа, заедно со останатите членки на НАТО здружени заедно, можеме успешно да се бориме против овие неизвесни закани. Секако најголемата сатисфакција преставува званичниот прием на РСМ во НАТО, но за жал поради пандемијата со Корона вирусот на можевме адекватно да го прославиме и  да се израдуваме на овој историски настан за нашата земја, бидејќи нашата земја постана дел од најмоќната воено-политичка сила во светот, а македонското знаме се вее заедно со знамињата на САД, Велика Британија, Германија, Франција и останатите демократски светски сили.

Во јавноста се води отворена дебата во однос на придобивките од членството во Нато.Оттука и нашето прашање за тоа кои се воените, безбедносните и економските придобивки од овој чин?

-Зачленувањето во НАТО на РСМ е и политичко и безбедносно прашање за сите граѓани, тоа во суштина постанува процес, кој длабоко и суштински ќе се одрази на секојдневниот живот и на иднината на секој граѓанин на државата како и на идните генерации. Со зачленувањето во НАТО, еднаш за секогаш ја гарантираме безбедноста на нашите граници, влегуваме во најмоќниот сојуз во светот, рамноправни со големите сили. Како полноправни и еднакви членки на НАТО земјите ќе носиме геостратегиски одлуки за својата иднина и иднината на своите деца и внуци. Македонија е рамо до рамо со 30-те најмоќни земји во светот.

105049310_303112857744716_3133464867880319395_nПосебно потенцирам дека ние сега имаме иннформациски размени, технологии и кибербезбедност: стандарди на НАТО и ситемите за споделување и размена на информации и технологија;

-Со зачленувањето во НАТО се подобрува контролата на воздушниот простор на СРМ, а еве веќе ги имаме придобивките во таа област, нашиот јужен сосед тоа ќе го прави бесплатно за РСМ.

-Ни се овозможува да ги користиме искуствата, стандардите, и придобивките во управувањето со кризи, поуспешно справување со потенцијалните безбедносни ризици: Косовското безбедносно прашање, мигранската криза и нејзините последици за РСМ.

Како сето тоа ќе се одрази на економските состојби?

-Тоа е добро прашање зашто токму на економски план РСМ ги намалува ризик факторите кои влијаат кај странските инвеститори. Покрај ова го подобруваме кредитниот рејтинг на земјата што води кон зголемување на домашните и странските инвестиции; зачленувањето во НАТО подразбира и зацврстување на демократските процеси во земјата, одржлив политички дијалог, владеење на правото, хармонизација со законодавствата  на земјите членки на НАТО, но и градење на ситем на вредности со земјите членки на НАТО. Сакам да појаснам дека се големи и придобивките во сферата на образованието, културата и сите области на општественото живеење.

Би сакале да слушнеме нешто за придобивките во областа на одбраната.

Во Министерството за одбрана беа рестартирани процесите на одбранбени реформи. Зе нецела година беше донесен Стратегискиот одбранбен преглед. Исто така, се изработи и новата стратегија за одбрана. Владата го усвои Долгорочниот план за развој на одбраната, со План за опремување и модернизација на вооружените сили. Тоа се стратешки документи кои доцнеле неколку години. По десетгодишното намалување на одбранбениот буџет, втора годоина по ред истиот е развоен и реформски и оди по нагорна линија.

Приоритети на буџетот во одбранбениот сектор се квалитативно зајакнување на персоналот, опремување на вооружените сили согласно НАТО стандардите и подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата. Но, и знатно е подигнат стандардот на припадниците на Армијата, односно платите на припадниците на Армијата се зголемени за 16% и  се испалтува 7.000,оо денари месечен надоместок за станарина на околу 6.000 припадници на Армијата, редовно се иплатуваат дневници и други надоместоци, што за време на владеењето на претходната власт беше незамисливо.

За последните две години МО и ГШ организираа 4 регионални вежби со учество на над 2.700 војници од 6 земји. Меѓу овие е и големата вежба ,,Одлучен удар“ во чии рамки летаа и НАТО авиони, а тоа зборува каде бевме претходно, а каде сме сега.

На крајот би сакал да го изразам моето задоволство, благодарност и почит кон премерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров,  министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, кон Бујар Османи и сите други од тимот на преговарачи и помагачи во процесот за зачленување на РСМ во НАТО алијансата.-

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе