Заштитен железничкиот премин кај Крупиште

Штип, 09.03.2018

Македонски железнички денес ја поправија и ја поставија рампата на железничкиот премин кај станицата Ванчо Прќе (Крупиште) на патот Штип-Пробиштип.

Околу пладне ја регистриравме оваа безбедносна „операција“. Група работници, користејќи ги своите физички предиспозициi, прво ја монтираа а потоа рачно  ја кренаа рампата од страна на Крупиште.

На оваа рампа долго време не се имаат случено некои инциденти, но редовното сервисирање и одржување на рампате е предуслов број еден до инциденти и да не доаѓа.

Инаку, на релација Скопје-Кочани во железничкиот сообраќај има само еден патнички воз кој од Скопје поаѓа секој ден во 16,40 часот, на станицата „Ванчо Прќе“ кај Крупиште е во 18,55 часот а во Кочани пристигнува во 19,26 часот. Од Кочани кон Скопје возот поаѓа во 05 часот наутро, на станицата кај Крупиште е во 05 часот и 28 минути, а во Скопје пристигнува во 7 часот и 50 минути.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе