За 150 евра поткуп-три месеци класичен притвор За 2.000 евра – шест месеци домашен притвор

Штип, 08.10.2018

Штипската јавност со голема доза на неверување ја прими веста за одлуки на Основниот суд во градот за два случаи на примање поткуп во однос на изречените казни. Граѓаните велат дека нема правда, а од Судот ги објаснуваат околности во кои се донесени овие пресуди.

Случај прв: полицаец во затворот „Штип“ е фатен на лице место како прима поткуп во висина од 150 евра. Поткупот го дал затвореник, а полицаецот за тој износ требало да му обезбеди мобилен телефон кој на затворениците не им е дозволен да го имаат за време на отслужување на затворската казна.

Судија во Основниот суд во Штип на затворскиот полицаец му вчера изрече казна класичен притвор во траење од 30 дена по поднесеното обвинение од Основното јавно обвинителство во овој град..

Случај втор: Вешто лице овластено за вештачења од областа на економијата е фатено како од странка, за да изврши вештачење во нејзина полза, прима поткуп од 2.000 евра. Лицето е изведен пред истиот суд каде судија му определува мерка домашен притвор во траење од 60 дена.

Ваквите пресуди случени во ист ден (вчера) предизвика големи реакции во штипската јавност. Граѓаните се прашуваат како е можно за 150 евра поткуп да се изрече мерка класичен притвор, што значи дека сторителот е веќе во притворското одделение во еден наш затвор, а за 13 пати поголем износ на поткуп (2.000 евра) да се изрече мерка домашен притвор.

Од Основниот суд во Штип каде побаравме појаснување за овие судски одлуки ни беше дадено следното образложение:

Дискреционо право на судијата е каква мерка на претпазливост ќе изрече. Во првиот случај со затворскиот полицаец се работи за лице во униформа, лице кое е избрано од државата и ја претставува државата, се работи за службено лице и затоа мерката на претпазливост кон такво лице е како што е донесена.

Второто лице, економскиот вештак, не е службено лице, и согласно неговиот статус е мерката на претпазливост која ја има изречено судија во Основниот суд во Штип. Судиите, при носење на одлуките, ценат многу околности пред да ја донесат конечната одлука, ни рекоа од Основниот суд во Штип.

И затворскиот полицаец и економскиот вештак имаат право на жалба до Апелациониот суд во Штип во рок од 24 часа по добивањето на пресудата. Дали нивните адвокати ќе вложат жалби на пресудите немаме сознанија, но во Основното јавно обвинителство ни беше речено дека тие не се задоволни од судските одлуки и дека денес ќе се поднесат жалби на ваквите пресуди.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе