Иван БОЈАЏИСКИ, најзастапен автор во книгата „Штип и штипјани во дневните весници и списанија во 2018 година“

Штип, 04.02.2020

Иван Бојаџиски, новинар со над 55 годишно присуство во професијата, е прогласен за најзастапен автор од Штип во книгата „Штип и штипјани во дневните весници и списанија во 2018 година“.

84267043_985398568509245_1723293762811068416_nНа денешната свеченост во Националната универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, чиј тим ја приреди публикацијата, на Бојаџиски, во присуство и на други автори кои преку 2018 година пишувале за Штип и штипјани, му беше врачена благодарница.

84509803_239725090362489_6141552587578540032_n-Да се изготви една тековна локална библиографија со библиографски единици произлезени од статии поместени во одредени сериски публикации, за период од една календарска година, значи да се колекционираат на едно место податоците за целокупната медиумска застапеност на еден град и на луѓето во него“, порача рецензентот на публикацијата доц. д-р Милена Ристова-Михајловска.

Во 2018 година Бојаџиски има напишано и објавено 193 текста во месечникот Штипски Глас и во Независен весник. Тоа значи дека Бојаџиски во просек пишувал и објавувал по близу четири текста во една календарска недела.

84683197_2410837102580378_546551463342505984_n-Посебно сум почестен што моето име и мојата професионална работа се на челното место во една вака грандиозна публикација. Новинарството од првиот ден до денес го работам со голема страст, а на секој мој текст му приоѓам со голема возбуда. Но, сакам да потенцирам дека очекувам идната година на овој подиум да стои некој од помладата генерација новинари кој ќе продолжи по патеките кои ги исцртав јас но и бројни мои колеги од нашиот убав Штип, рече Бојаџиски.

Потоа Бојаџиски го цитираше насловот од интервјуто со Коџи Мичи, уредник за Европа на јапонскиот весник Маиниче кој весник излегува во тираж од три милиони примероци дневно. Интервјуто е објавено во Штипски Глас, а во него Коџи Мичи вели:

„Последниот весник ќе умре кога ќе умре последниот читател“!

`                                                                                                            Т.Кацаров

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе