Илчо за пусти гласови лакира-асфалтира и во ден недела

Штип, 22.10.2017Blagoj Bocvarski

Илчо Захариев се испотил трчајки од врата до врата и барајќи глас повеќе од штипјани. Работи работи кои со закон не се дозволени. Се по принципот – целта ги оправдува средствата. А целта му е да си остане во првата фотеља на градот зашто така мисли дека ќе си обезбеди имунитет од евентуални кривични гонења. Средство му е митото и корупцијата.

Откако беше фатен како дели лекови одејќи од врата до врата при што друштво му прави млада плавуша, Захариев се сочи со полицијата при обидот нелегално да ја асфалтира-лакира улицата „Личка“. Ги придвижи машините на ЈП „Стипион“, го ангажира пријателот „Коле Транс“ и на жителите од оваа улица започна да им продава магла.


Кај Илчо се е пo принципот „Целта ги оправдува средствата“. Цел му се гласовите на штипјани, средство митото и корупцијата. Но, тоа штипјани веќе добро го препознаа па ги пријавуваат сите негови нелегални активности. Како и незаконското асфалтирање-лакирање на „Личка“.


Но, по пријава на граѓани за новиот коруптивен обид на Захариев на мизер начин да дојде до некој глас, на местото на настанот пристигна полиција. Побарана е документација за тоа дали оваа улица е во програмата на општината за работа, одлука возилата и работниците на ЈП „Стипион“ да работат и во ден недела кој ден е врзан.

„Оваа е уште еден оби да купување на гласовите на граѓани на Штип од страна на криминалниот лик Илчо Захариев. Ние и овој случај кој е документиран го пријавуваме кај надлежните. На граѓаните им гарантираме дека секоја неасфалтиран улица ќе добие асфалт, секаде каде нема вододоводна мрежа ќе ја изградиме, а исто таков ќе биде случајот и со каналчизациона мрежа. Штип ќе се гради во сите негови делови но назаконит начин и регуларно“, рече Благој Бочварски, кандидат за градоначалник од СДСМ и колацијата.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе