Илчо Нарцисот го плати данокот и пушти трактор да се справи со невремето!

ivboj0000
Од мој агол: Иван Бојаџиски

Штип, 08.01.2017

Пред истекот на старата година Илчо Нарцис Захариев се слика пред ТВ камерите со платен налог в раце  со кој, според информацијата доставена до јавноста, прв го уплатил данокот на имот за 2017 година. Со неговата испрчена слика неговите пудлици испратија и текстуална порака: сите граѓани да си го платат данокот зашто така парите им се враќале назад во вид на проекти за добар живот на штипјани во Штип. Демек: да се следи примерот на Нарцисот.

Штип, во овие четири години на Илчо, има најголем буџет од 14,2 милиони евра. Плаќа данок и богато и сиромашно,и мало и големо, и слепо и далековидо, и социјални случаи, и кој треба и кој нетреба да плати…Илчо зема од секаде. Му тече во буџетот (дали само таму?) од сите страни. Не само данок туку и нешто плус, нешто што во своето име има детал од тениската игра.

15871949_1322608184444750_8998662978033543113_nИ така, лани се насобраа 14,2 милиони, а оваа година Илчо прави напор  сумата во општинската каса да ја надмине бројката од 15 милиони евра. Како што вели Нарцисот- за наше добро! Значи, секоја година со Илчо Нарцисот како татко на градот стануваме се посиромашни! И сето тоа- тоа се за наше добро!

15894606_1322608397778062_7894517597187519469_nНо, каде одат тие големи народни пари? Илчо рече: му се враќаат на народот. А ние видовме еден стар трактор како се движи по заледените штипски улици и како од него (тракторот) смрзнат работник со лопата фрла песок. Така Илчо ги враќа парите кон граѓаните-купува стар трактор. За наше добро!

15825837_1322608181111417_4635549061191552924_nТри дена Штип е окован во лед. По улиците не се вози, по тротоарите е неможно да се оди. Одамна е речено дека не паѓа снегот да го покрие брегот туку да ги открие трагите на зверот.

15349595_1322608344444734_506991601706946274_nВо март се нови избори за нова локална власт. Ако Илчо добие нов мандат, бидете сигурни дека од нашите над 15 милиони евра тој ќе купи уште постар трактор!  И тоа ќе го претстави како инвестиција за наше добро!

Ќе му ја дозволиме и таа заебанција на наш трошок и за наша сметка?

Останува времето да покаже кои сме, какви сме, и каков татко на градот сакаме!

 

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе