Илчо рече – 6 километри асфалт Гугл Мап измери само – 3,5 километри

Штип, 25.01.2017

  • Дали се украдени 7.500 метри квадратни асфалт, и дали јавниот обвиниел, по допрен глас,  ќе отвори истрага под наслов „Асфалтот на Илчо“?

Преку својоilco-zahariev11т билтен општина Штип ги информира граѓаните за своите остварувања.

Во еден таков јавен проглас за успесите, стоеше информација за асфалтирање на две улици за што беше објавено дека на овие улици биле асфалтирани точно шест километри.

Убаво де, нема што. Но, некои млади момци од порталот Штипска критика, си немале друга работа, па посегнале по Гугл мап, а оваа интернетска алатка прецизно измерила дека овие две улици се во вкупна должина од само 3,5 километри!?  Разликата помеѓу официјалната објава на општината (читај Илчо Нарцисот, таканаречен градоначалник)  и она кое официјално  се потврдува преку мапата на Гугл е цели 2,5 километри. Па сега, една проста математика вели вака: 2,5 километри асвалт по 3 метри широчина тоа ви се 7.500 квадратни метри асвалт кој го „изеде“ Илчовата математика. Која му е цената не можеме да информираме зашто никогаш во Штип не е објавено колку сантиметри е дебелината на новиот асфалт со кој се лакираат градските улици и селските патишта.

И, ете му работа на јавниот обвинител. По допрен глас да отвори предмет под наслов „Асвалтот на Илчо“ и да го истражи случајот. Можеби нешто и ќе излезе на виделина од сето тоа. Барем толку институцијата јавен обвинител му го должи на својот народ.

(в.ј.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе