Илчо со општинската „пегличка“ на ручек во Звегор

Штип, 24.06.2017

  • Штипскиот градоначалник не јада поради себе, јаде поради нас за да има енергија да продолжи да не усреќува, и затоа во посета и ручек на родното село Звегор патуваше со службениот Пасат

Илчо Захариев, „скромниот“ штипски градоначалник, кој на работа оди во 5,30 наутро зашто не можел да спие ако дневно не „усреќувал“ по најмалку 50 штипјани, по напорниот петочен ден пред викенд, си седнал во општинската „пегличка“ од типот Пасат и си ја летнал во родното село Звегор, да си ги види своите а потоа и на ручек во тамошниот рибник. За звегорскиот рибник се зборува дека 50 проценти е негов, но за воља на вистината ние таков доказ досега не сме нашле. Иако народот одамна има речено дека во секој кулоарски муабет барем 50 проценти има вистина.

19401880_10209636410848599_7479424140292791425_oИлчо постојано тврди дека е посебен тип, таков што ќе си оддели од својата уста само гладните штипјани да бидат најадени. Но, и тој е човек, и тој има потреба од храна, само што тој не јаде како што јадеме ние, односно не јада заради себе туку јаде заради нас. Неговата филозофија кон храната е да добие нова енергија како би можел уште попосветено да се грижи за 47.200 (тука некаде) штипјани, штипјанки и мали штипјанчиња. И затоа на ручек во родното село оди со службената „пегличка“ во форма на Пасат.

 19400291_10209636410528591_4754489422886561704_oВо една таква мисија, мислејќи на нас, штипскиот народ, Илчо Нарцис Захариев, вчера со лимузината која е општинска сопственост, си наточил нафта, бензин или било што друго, и си ја летнал за родното село Звегор. Таму-ваму, едно 200 километри поминал Илчо со „пегличката“ водејќи се од генијалноста на Остап Бендер, славниот измамник од романите на Иљф и Петров, чија изјава „идејата моја – бензинот ваш“ стана безвременска одредница за сите белосветски ама и домашни измамници.

Во вторникот, кога пак ќе ни се врати во градот, Илчо уште од 5,30 ќе се посвети на „усреќувањето“ на штипјани…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе