Интернационалната полициска асоцијација: заштитни маски и благодарност за професионалноста на новинарите од Охрид, Струга и Дебар

Охрид, 16 април 2020

Интернационалната полициска асоцијација, за регионот Охрид, на новинарите и медиумските работници, кои се членови на Регионалното здружение на ЗНМ, од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, но и на оние кои не членуваат во ЗНМ, им подарува заштитна опрема од вкупно 100 повеќенаменски заштитни маски и 100 заштитни ракавици.

Покрај здравствените работници, полицајците и војниците, на кои им сме благодарни за огромниот ангажман во борбата против невидливиот непријател- Корона вирусот, новинарите, се луѓето кои од почеток на пандемијата, постојано се на терен, до првата борбена линија во борбата против вирусот Ковид – 19, изјави претседател на ИПА за регионот  Охрид, м-р Стефан Димоски.

Тој додаде дека, новинарите, извршувајќи ги професионалните обврски на полето на информирање на граѓаните, секојдневно се во непосредни контакти со други лица, меѓу нив и лица од можни ризични категории, бараат изјави од нив, престојуваат на различни места и објекти и се изложени на ризик од заразата.

-Преку информирањето, делуваат кон заштита на јавното здравје и јавниот интерес за подигнување на свеста кај јавноста за превенција и доследна примена на препорачаните мерки за заштита и справување со Корона вирусот. Сметаме дека новинарите и медиумските работници, треба да бидат маскимално заштитени, и во својата работа треба да се придржуваат до безбдносните протоколи и препораки на надлежните институции. Веруваме дека со оваа скромна донација, барем малку ќе придонесеме за подобро опремување на новинарите и медиумските работници со заштитни маски и заштитни ракавици кои им се неопходни на терен и ќе се зголеми степенот на безбедност во нивната работа и во зачувувањето на нивното здравје, напомена м-р Димоски

(В.М.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе