И на Штип ќе му се случи Охрид

Штип, 12.02.2017

Исток прес дознава дека наскоро и на Штип ќе му се случи Охрид. Најавено е даѓање на обвинители на СЈО во градот под Исарот кои треба да остварат „блиска средба“ со сотина членови на ВМРО ДПМНЕ. Специјалните ќе истражуваат како се случило, во рок од само два дена, на толкава група луѓе да им „текне“ да донираат поголема сума пари во вкупен износ од околу 100.000 евра за својата партија.

Според нашите информации, во втората половина на месец јули, 2015 година, во само два дена, преку банки во Штип, стотина лица од нашиот град, на сметката на партијата ВМРО ДПМНЕ уплатиле импознатна сума на пари од околу 100.000 евра. При уплатата на секоја уплатница стоела забелешката дека парите се уплатуваат како донација за именуваната партија.

Во градот, а и пошироко, повеќе години се говори дека носители на функции, пратеници, градоначалници, советници, директори и раководители на јавни претпријатија „доброволно морално“ издвојувале од своите плати извесна сума на пари кои како донација ги уплаќале на сметката на ВМРО ДПМНЕ. Тоа бил нивниот доброволно-морален придонес оваа партија да стане најбогата во Европа. Тој „непринципиелен принцип“ на пополнување на партиската каса го имале и сите кои преку партијата го добиле своето прво вработување. Независно дали се вработувани како обични работници или како доктори на наука.

Исток прес неодамна ја донесен информацијата според која на распит во СЈО биле повикувани директор и раководители на јавно претпријатие, а штипјани во таа информација го препознале ЈП Исар и неговиот директор Анѓел Бојаџиев. Непотврдените информации говорат за тоа дека од касата на ова јавно претпријатие на сметката на партијата, по некои канали кои ги истражувало СЈО биле префрлени околу 100.000 евра.

Ќе биде кисело-весело и во Штип, тоа е засега најсигурно.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе