КАРБИНЦИ: Јаделе, пиеле, оставиле друг да го плати цехот

Карбинци, 13.11.2017

Јордан Насев, градоначалник
Јордан Насев, градоначалник

Кога Јордан Насев,новиот градоначалник на малата општина Карбинци која има околу 4.300 жители, погледнал во книгите на општината, можел само да заклучи дека таа има долгови од 24 милиони денари. По глава на жител тоа е долг од по близу 6.000 денари

„Претходното раководство најмногу долгови кои не си ги платило направило кон познатата фирма Коле Транс – 10 милиони денари,600.000 денари се неплатените обвски за телефонски услуги и интернет, а половина милион денари се долг кон десеттина кафеани во источниот регион во кој претходното раководство се гоштевало ама заборавило да плати. Зоран Минов, претходен градоначални, оставил цехот да го регулира неговиот наследник Јордан Насев.

-Немаме услови за нормална работа. Исклучени ни се телефоните, немаме интернет, нема пари за гориво, од три возила само едно е регистрирано, имаме трактор, градежна машина и автобус кои се неисправни а нема пари за нивна поправка. Очекуваме помош од централната власт, вели градоначалникот Насев.

karbinci zaev
– Заев вети финансиска поддршка на Карбинци

Минатата година бил остварен буџет од 20 милиони денари. За идната година  буџетот е планиран на 60 милиони денари. Во него се планирани пари од Агецијата за финансиска поддршка за развој на земјоделието, од Бирото за комуналне развој – програма за регионален рурален развој.

Денес градоначалникот Насев објави дека поради истечен мандат на Ленче Јованова, довчерашна директорка на ООУ „Страшо Пинџур“ назначен е нов в.д.директор. Тоа е долгогодишниот педагог Зоранчо Трајанов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе