КОЧАНИ: Афористичарите ја имаа единаесеттата вечер на македонскиот афоризам

Кочани, 02,04.2023

Во организација на Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија“, на 1-ви април 2023 година, точно на пладне, на локалиетот „Кај Дабот“ во близина на село Бели – Кочанско, се реализира манифестацијата АФКО2023 (Единаесетта вечер на македонскиот афоризам).

Отварајќи ја манифестацијата, градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов на публиката и’ посака пријатна забава, а на афористичарите – успешен настап и плодно творештво.

На манифестацијата настапија афористичарите: Ружа Стојмилова и  Јане Атанасов од Кочани; Ристо Филчевски, Ацо Ѓорѓиев и  Ѓорѓи Панов од Струмица; Димитар Илиев – Вилазорски и Атанас Крлевски од Велес;  Елеонора Николовска, Љупчо Силјановски и Марјан Анѓеловски од Скопје и  Нада Караџиќ од Белград, Република Србија. Многубројната публика со бурни аплаузи и овации ги наградуваше нивните луцидни дефиниции за се’ што го опкружува и тангира обичниот човек.

На конкурсот што традиционално се распишува во склоп на манифестацијата, годинава темата беше  „Доверба“. Жири комисијата во состав: Јане Атанасов – претседател и м-р Доне Донев и Иван Котев – членови првата награда му ја додели на Ацо Ѓорѓиев од Струмица, втората – на Ристо Филчевски од Струмица а третата на Ружа Стојмилова од Кочани. Пофалници за своите афоризми од комисијата добија: Љубинка Донева од Кочани, Тања Аждаја – Павлеска од Љубљана, Република Словенија и Марјан Анѓеловски од Скопје.

Традиционалната Специјална плакета за особен допринос во развојот и афирмацијата на хуморот и сатирата во Македонија оваа година организаторот му ја додели на Миле Ѓорѓијоски од Делчево.

Во паузите помеѓу другите содржини, музичарите Атанас Ѓорѓиев, Санде Наунов и Методи Ристов изведоа неколку музички нумери со изворни народни инструменти.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе