КОЧАНИ: Богата содржина за „Петровденски конаци“

Кочани, 03.07.2018

Plakat Petrovdenski konaciСо повеќе пригодни манифестации Кочани ќе го прослави Денот на градот. Централен дел се настаните во рамките на манифестацијата „Петровденски конаци“ која ќе започне на 5-ти, а ќе заврши на 11 јули.

Зад манифестацијата стојат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели Мугри“.

„Ќе има класична музика, театарски претстави, поезија, ликовни изложб…Ќе настапат фолклорни ансамбли а целиот проект ќе се затвори со финалето во мал фудбал“, информира Љубинка Ајтовска, портпарол во Општината.

Задутре (четврток, 05.јули) во салонот на НУЦК „Бели мугри“ во 20,45 часот е отворањето со концерт за флејта и пијано на Златка Митева (флејта) и Наташа Трбоевиќ (пијано).

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе