КОЧАНИ: Градежни активности на неколку улици и патишта

Кочани, 04.10.2018

Наскоро се очекува да започнат градежните активности за асфалтирање на улицата „Кресненско востание“ во населбата Усова Чешма во Кочани.

Според стручните служби од Општина Кочани, тендерската постапка е на самиот крај. За изведувач е избрана градежната компанија „Бони интерградба“ од Штип, а по  спроведенатаелектронска аукција, за асфалтирање на оваа улица ќе бидат наменети 1.985.500 денари.

KOCANI01– Тоа се над 1 милион денари помалку од проценетата вредност што ќе овозможи да се прошири листата на улици за асфалтирање до крајот на оваа календарска година – вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Улицата „Кресненско востание“ е долга 230 м, широка 6 м и ја поврзува „Македонска“ со  „13 Македонски корпус“. Во изведбата се планирани машински ископи на земјена маса, дренажа, атмосферска канализација, бетонски рабници и седум сантиметри асфалтен слој.

Во тек се градежните работи за асфалтирање на трите крака од улицата „Вера Которка“, како и на улицата „Ѓорѓи Пулевски“ каде е предвидена изградба на неколку потпорни ѕидови, поставување примарна канализација и приклучоци кон водоводната мрежа.

За асфалтирање се подготвува  и патот Крушка – Полаки во должина од 790 м,  чија реализација е со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Кочани.

(љ.а.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе