КОЧАНИ: Еколошка акција на здружението „Светла иднина“

Кочани, 21.07.2020

Со финансиска и техничка поддршка од Општина Кочани и од КЈП „Водовод“, Центарот за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“ преку Локалната акциона група за застапување, денеска организираше еколошка акција за расчистување на дивата депонија пред Фабриката за вода.

– Огромна благодарност до локалното население што ја помогна акцијата, на членовите на Локалната акциона група и огромна благодарност до Општина Кочани и КЈП „Водовод“, кои со механизација исто така ја помогнаа денешнава акција. Ромските деца заслужуваат здрава животна средина – изјави Мануела Саидова од „Светла иднина“.

Еколошката активност се спроведе во рамките на проектната акција Локална акциона група за застапување – механизам за вклучување на ромската заедница. Проектот е поддржан од Европската Унија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе