КОЧАНИ: Младите во еколошка акција

Кочани, 08.10.2018

Во рамките на проектот „Младите успеваат заедно“ поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество, утре-9 октомври, на локалитетот Гоцева Шума во Кочани ќе се одржи младинска еколошка акција.

Во акцијата ќе учествуваат 50-ина ученици од средните училишта, млади активисти од граѓанските здруженија и активисти на Црвен крст од Кочани.

Целта на акцијата e да се обноват клупите и другата урбана опрема во Гоцева Шума.

Акцијата ја организира ЦККЕР „Светла иднина“ од Кочани со поддршка на КЈП „Водовод“ од Кочани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе